Алинци — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Некогашна селска чешма на влезот во селото

Селото се наоѓа во Пелагонија, во крајниот северен дел на Битолското Поле, во источниот дел на територијата на Општина Могила. Селото е рамничарско, на надморска височина од 604 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 26 километри.

Алинци е вистинско полско село во североисточниот дел на Битолското Поле. Понекогаш е нарекувано и Пусто Алинци. Околни села се: Мусинци, Путурус, Добрушево и други.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Тепеџик, Слатина, Гладно Поле, Преку Река, Дедебалски Ливади, Војнојци, Кривите, Рулица, Коловозник и Лозје.

Селото има збиен тип. Не се дели на маала.

Историја

Селото првпат е споменато во турските дефтери од 1468 година. Тогаш било мало село и имало црква посветена на Света Ана.

Помеѓу мештаните се верува дека селата Алинци и Мусинци настанале во втората половина на век. На местото кое било „пустелија“ дошле двајца браќа, Алија и Мусо. Поради ова, порано во топографските карти селата биле именувани како Али Оба и Муса Оба.

Во век, Алинци било село во Прилепската Каза на Отоманското Царство.

Во селото повеќе нема Турци, кои се раселиле во текот на век. До крајот на Првата светска војна постоеле „арапски“ гробишта на иселените Турци. Каменот од надгробните споменици бил подоцна искористен од мештаните на селото Добрушево за изградба на училиштето и за мостови.

Вкупно 8 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Атарот е мошне мал и зафаќа простор од 4 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 327,3 хектари, на пасиштата отпаѓаат 41,2 хектари, а на шумите само 4,4 хектари.

Селото, во основа, има полјоделска функција.

Население

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Алинци било село со 25 домаќинства и 129 жители.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 76-77.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Алинци живееле 264 жители, сите Македонци, од кои обележани се како 150 во Долно Алинци и 114 во Пусто Алинци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 246-247. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Алинци имало 96 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Пусто Алинци се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 12 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.

Селото е мало и во 1961 година броело 276 жители, а во 1994 година 79 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Алинци живееле 57 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 53 жители, од кои 36 Македонци и 17 лица без податоци.

Родови

Алинци е православно македонско село. Некогаш било основано како турско село, но подоцна Турците го напуштиле селото. Денес, во селото живеат доселени македонски родови.

Родови во селото се: Паламидовци (6 к.), први доселеници, местото на старина не го знаат; Минчевци (9 к.), доселени се од селото Доленци, Железник; Сиџимовци (3 к.), доселени се од Канатларци, таму обработувале земја на еден текија; Аспровци (3 к.), доселени се средината на XIX век од селото Добрушево; Димовци (1 к.), потекнуваат од „раненик“ кој бил од селото, сега населба Варош,Прилеп; Симоновци (1 к.), доселени се од Битола; Анѓеловци (1 к.), доселени се од соседното село Мојно; Измировци (2 к.), доселени се од Добрушево, имаат деленици во Дедебалци, подалечно потекло од Бучин и Шутаковци (2 к.), доселени се од споменатото село Дедебалци.

Општествени установи

мини|300п|десно|Некогашното основно училиште

Поранешно основно училиште Месна заедница

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Добрушево.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Будаково, во која селото Алинци, се наоѓале и селата Арматуш, Будаково, Горно Чарлија, Далбеговци, Дедебалци, Добрушево, Долна Чарлија, Мусинци, Ношпал, Путурус, Радобор, Трап и Црничани. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од Општина Будаково, во која влегувале селата Алинци, Будаково, Путурус, Радобор и Трап.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0222 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 50 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 45 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Тепиџик — населба од неолитско време.

Цркви Црква „Воскресение Христово“ — главна селска црква

Редовни настани

Велигден — селска слава на првиот ден на Велигден

Иселеништво

Од селото има повеќе иселеници низ селата во Пелагонија. Тоа се: Куклевци (1 к.), живеат во селото Новаци; Козаровци (1 к.), живеат во селото Тополчани; Пупевци (9 к.), Гудевци (4 к.) и Нечковци (3 к.), исто така, живеат во Новаци; Аспровци (1 к.), живеат во соседното село Мусинци; од родот Шутаковци има иселеници во Долно Оризари, избегале од Турците и од родот Паламидовци има иселеници во селото Логоварди.

Наводи

Поврзано Пелагонија Општина Могила Битола

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Битолски села Категорија:Села во Општина Могила