Подмоље (се среќава и како Подмолје) — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.
Географија и местоположба
Историја Во XIX век селото било дел од Охридската Каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Подмоље живееле 160 жители, сите Македонци.Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 252. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Подмоље имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.162-163.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Подмоље е претставено како чисто македонско село во Охридската Каза на Битолскиот Санџак со 6 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 331 жител, од кои 325 Македонци, 2 Срби и 4 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 280 жители, од кои 246 Македонци, 3 Срби, 7 останати и 24 лица без податоци.
Родови
Подмоље е македонско село.
Родови во селото се: Лошковци (6 куќи) доселени се од соседното село Оровник; Тодоровци (2 куќи) доселени се од селото Завој; Димовци (1 куќа) доселени се од селото Вапила, каде припаѓале на родот Шандаковци; Велестовчани (6 куќи) доселени се помеѓу двете светски војни од селото Велестово; Завојчани (4 куќи) доселени се кога и претходниот род од селото Завој; Оровчани (16 куќи) доселени се во 1970 година од селото Оровник; Луковчани (10 куќи) доселени се кога и Оровчани од селото Луково; Дебрчани (10 куќи) доселени се од разни села во Дебрца; Безовчани (6 куќи) доселени се од селото Безово; Орманчани (2 куќи) доселени се од селото Орман; Волинчани (2 куќи) доселени се од селото Волино; Охриѓани (2 куќи) доселени се од Охрид; Тетовчани (2 куќи) доселени се од Тетово; Скопјани (2 куќи) доселени се од Скопје; Кумановчани (1 куќа) доселени се од Куманово.
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:
Мојсовци или Лошковци (1 к.) староседелци; Шашојаковци (1 к.) доселени се во 1918 година од селото Вапила. Во Вапила имале роднини, голем род; Балевци или Саравиновци (3 к.) доселени се во 1922 година од селото Велестово. Таму припаѓале на голем разгранет род; Бамбаловци (2 к.) доселени се во 1926 година од селото Оровник. Таму имале истоимени роднини; Мингулевци или Тодоровци (1 к.) доселени се во 1929 година од селото Завој. Таму припаѓале на родот Деспотовци; Шабановци или Стојчевци (2 к.) доселени се во 1929 и 1930 година од селото Завој; Стојановци (1 к.) доселени се во 1947 година од селото Оровник. Подалечно потекло од селото Лактиње во Дебрца.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости мини|220п|Селската чешма. мини|220п|Спортското игралиште. Цркви Црква „Св. Константин и Елена“ од 1934 г. Чешми Чешма - се наоѓа во средиштето на селото, веднаш до црквата Археолошки наоѓалишта Селиште — средновековна населба, црква и некропола; Корија - Манастириште — средновековна црква; Чешма — средновековна црква и некропола; Спорт Спортско игралиште Редовни настани
Личности
Благоја Стојчески — македонски партизан, учесник во НОБ.
Култура и спорт
Иселеништво Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до крајот на 1940-тите:
Од Мојсовци иселеници има во Оровник (каде се иселиле во периодот помеѓу 1912 и 1915 година). Од Бомболовци иселеници има во Охрид (едно семејство од 1930 година).
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Охридски села Категорија:Села во Општина Охрид