Милиметар на живиниот столб (mmHg, ммжс) е единица за притисок со сооднос од 760 на 1 стандардна атмосфера, приближно еднаква на еден милиметар на жива во столбот на барометар.
Единицата е наречена и „тор“ (Torr) во чест на италијанскиот физичар Еванџелиста Торичели (1608-1647) кој ја открил законитоста на притисокот во тенок сад и го изумил барометарот (1644).Во почетокот на 1640-тите, разни научници направи со вода слични на барометарот (погл. Историја на барометарот ).
Разлика во метрологијата Имињата милиметар на живиниот столб и тор се сметаат за синонимни во сите полиња освен во метрологијата, која прави разлика помеѓу нивните вредности. Оваа разлика е помала од една седуммилионтина (), што е многу мал износ, па затоа се смета за занемралива во сите полиња вон метрологијата.
Еден милиметар жива по дефиниција изнесува ( × × ), земајќи ги предвид густината на живата и забрзувањето на Земјината тежа.
Торот се дефинира како од една атмосфера, додека пак атмосферата се дефинира како 101,325 kPa. Затоа, 1 тор е еднаков на Pa. Децималниот облик на дропката () е бесконечно долг (во периода).
Разликата помеѓу милиметарот на живиниот столб и торот е дадена со следниов однос:
1 Torr = mmHg 1 mmHg = Torr
Споредба
Поврзано Притисок Атмосфера (единица) Милиметар на водниот столб Паскал (единица)
Наводи
Надворешни врски Единици за притисок - NPL
Категорија:Единици за притисок Категорија:Жива