Беровци — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба Населбата се наоѓа во јужниот дел на Прилепско Поле, на територијата на Општина Прилеп, недалеку од десната страна на патот Прилеп-Битола. Селото е рамничарско, на надморска височина од 628 метри. Од градот Прилеп населбата е оддалечена 10 км.

Историја Во XIX век селото било дел од Прилепската Каза на Отоманското Царство.

Стопанство Атарот зафаќа простор од 11,1 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 916,4 ха, на пасиштата отпаѓаат 96,7 ха, а на шумите 41,5 ха. Селото има полјоделска функција.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Беровци живееле 230 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 246. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Беровци имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.148-149.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Беровци се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 15 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.

Населбата е средна по големина, речиси без промени во бројот на населението. Во 1961 година селото броело 352 жители, а во 1994 година 353 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, селото Беровци има 334 жители, од кои 333 Македонци и еден останат.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 365 жители, од кои 340 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 23 лица без податоци.

Родови

Беровци е чисто македонско православно село, сите родови во селото се доселенички.

Родови во Беровци се:

Доселеници: Вршковци (2 к.), потекнуваат од предокот Марко, доселени се околу 1850 година од селото Ерековци; Куциовци (1 к.), доселени се околу 1850 година од селото Прилепец; Штрклевци (3 к.) и Милевци (2 к.), доселени се околу 1850 година од селото Галичани; Томевци (2 к.), доселени се пред 1912 година од Галичани, таму имаат истоимени роднини; Беџовци (4 к.), доселени се пред 1912 година од Алинци; Џелиловци (5 к.), доселени се од Марул и таму се доселиле однекаде; Черкезовци (2 к.), доселени се пред 1912 година од Галичани, пред тоа живееле во Боротино и Лагово; Емровци (2 к.), доселени се пред 1912 година од Кадино Село, подалечно потекло од Бела Црква; Јанчевци (5 к.), стари деленици од Емровци. Овие два рода во Бела Црква имале роднини тоа биле Куцовци. Подалечно потекло од Смилево во Железник; Јаричевци (1 к.), доселени се 1925 година од Алинци, таму припаѓале на родот Головодовци, подалечно потекло од селото Света во Железник; Алексовци (1 к.) доселени се од Леништа; Бутрак (1 к.), доселени се од Галичани, после 1918 година, гранка се од родот Бутраковци кои живеат во Големо Коњари, подалечно потекло непознато; Гулабовци (1 к.), доселени се во текот на Втората светска војна од селото Сливово во Дебрца; Грујовци (1 к.) доселени се од Мало Коњари и Апчевци (1 к.) доселени се од Прилеп пред 1912 година.

Општествени установи

Самоуправа и политика Цркви Црква „Воскресение Христово“ - Беровци Црква „Св. Никола“ - БеровциОсветување на камен-темелник на нова црква во с. Беровци, Прилеп Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Селска Црква — осамен наод од римско време; Кметица — неопределено наоѓалиште од непознат период; Црквиште — неопределено наоѓалиште од непознат период;

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1432 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 297 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта Селска Црква — осамен наод од римското време; Кметица — неопределено наоѓалиште од непознат период; Црквиште — населба од бронзено и доцноантичко време; и Стара Црква — ранохристијанска црква со некропола.

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво Мојсовци (7 к.) иселени се во Веселчани, Вишиновци (5 к.), иселени се во Алинци, Трајковци (3 к.) се иселени во Мало Коњари, Апчевци (1 к.) иселени се во Мажучиште и Николовци се иселени во Шелеверци. Од родот Куциновци има иселеници во Прилеп.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Прилеп