Голем Радобил или Големо Радобил„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 80-81. — село во областа Раец, во Општина Прилеп, на патот помеѓу градовите Кавадарци и Прилеп.

Географија и местоположба Голем Радобил се наоѓа во североисточниот дел на Општина Прилеп, во горното сливно подрачје на реката Раец, од десната страна на патот Прилеп-Кавадарци. Селото е ридско и се простира на надморска височина од 620 м. Од градот Прилеп е оддалечено 28 км, а од градот Скопје околу 98 км. Неговиот атар зафаќа површина од 25,1 км2.

Историја Во XIX век, селото било дел од Тиквешката Каза на Отоманското Царство.

Во 1908 година, селото било опишано како слободно христијанско село со 120 куќи, а било споменато и како едно од најбогатите села во Тиквеш.Материали за военно-географическия обзор на Македония, II Тиквешки район, Печатница „Военен журнал“, София, 1908, стр. 19.

Стопанство Селото има полјоделско-сточарска функција. Во рамки на селскиот атар преовладуваат пасиштата на површина од 2.086,2 ха, обработливото земјиште зафаќа површина од 359,3 ха, а на шуми отпаѓаат 42,9 ха.

Население

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Големо Радобил било село во Прилепската Каза со 64 домаќинства и 279 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Голем Радобил имало 700 жители.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 154. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 720 жители.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 104-105.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.

Селото броело 429 жители во 1961 година, додека во 1994 година во селото живееле 108 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 107 жители, сите Македонци. Од нив 64 биле жани, а 43 жени.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 96 жители, од кои 85 Македонци и 11 лица без податоци.

Општествени установи

Основно училиште

Самоуправа и политика Селото влегува во рамките на Општина Прилеп од 1962 година. Претходно, во периодот од 1950 до 1952 година, тоа било дел од Прилепската околија; во периодот од 1952 до 1955 година било дел од Општина Тројаци; а во периодот од 1955 до 1962 година, селото влегувало во склоп на Општина Плетвар.

Избирачко место Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1427 кое е сместено во соновното училиште.

Во вториот круг на претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 93 гласачи.

Културни и природни знаменитости мини|десно|180п|Црквата „Св. Никола“

Археолошки наоѓалишта Селска Црква — осамен наод од доцноантичко време.

Цркви Црква „Св. Никола“ — главна селска црква изградена во 1870 година.

Реки Раец.

Личности Родени во Голем Радобил Трајко Бошкоски - Тарцан (1918–1943) — македонски партизан и борец на НОБ Божана Илија Илиевска — учесник во НОВ на Македонија

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Прилеп