Живово — раселено село во Општина Прилеп, во областа Прилепско Мариово, југоисточно од градот Прилеп.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Воздушен поглед на селото

Селото се наоѓа во источниот дел на прилепскиот дел на областа Мариово, во источниот дел на територијата на Општина Прилеп, од десната страна на Црна Река. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 920 метри. Од градот Прилеп, селото е оддалечено околу 50 километри.

До селото води земјен пат, кој започнува од селото Витолиште до каде води асфалтираниот регионален пат 1107.

Селото е сместено на планината Козјак, во предел познат како Старо Мариово.

Историја

Селото Живово за првпат се спомнува во пописните отомански дефтери од 1476 година.

Османски статистикиДомаќинстваНеженетиВдовициГодишен приходДефтер бр. 4 од 1476/77 г.162964Дефтер бр. 16 од 1481/82 г.17613Дефтер бр. 73 од 1519 г.1911290Дефтер бр. 149 од 1528/29 г.20311290Дефтер бр. 232 од 1544/45 г.182980

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 17,2 километри квадратни. На него шумите заземаат површина од 663 хектари, на пасиштата отпаѓаат 580,3 хектари, а на обработливото земјиште 339,3 хектари.

Во основа, селото има мешовита земјоделска функција.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Живово живееле 360 жители, од кои 350 Македонци и 10 Роми.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.247.

Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Живово се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 58 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.

Селото е мало, во фаза на наполно раселување. Така, во 1961 година селото броело 250 жители, а во 1994 година само пет жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, селото Живово било целосно раселено. Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.

Самоуправа и политика

Во век, Живово било село во Прилепската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на големата Општина Прилеп, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било седиште на некогашната Општина Витолиште, во која влегувале сите села од прилепскиот дел на Мариово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Прилеп. Селото припаѓало на некогашната општина Мориово во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Витолиште, во која покрај селото Живово, се наоѓале и селата Бешиште, Витолиште, Врпско, Манастир и Полчиште. Општината Витолиште постоела и во периодот 1945-1952 година.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1527 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната канцеларија на селото Витолиште. Во избирачкото место се опфатени населените места: Врпско, Витолиште и Живово.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 130 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 131 гласач.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта Грамаѓе — населба од доцноантичко време.

Цркви Црква „Св. Петка“ — главна селска црква, изградена во 1893 година; и Црква „Св. Петар и Павле“ - помала селска црквичка.

Личности

Родени во или по потекло од Живово Трајко Волчев Зојката - војвода и револуционер

Жртви во војната 1941-1945 Ѓорѓија Митревски (1906-1941), загинал во Априлската војна, кај Косовска Митровица

Галерија

Поврзано Општина Прилеп Мариово

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Прилеп Категорија:Раселени села во Македонија