Манастир — село во Општина Прилеп, во областа Прилепско Мариово, во околината на градот Прилеп.

Во селото се наоѓа еден од најстарите средновековни манастири во Македонија, Мариовскиот манастир со средновековната црква „Св. Никола“.

Во поново време, селото било домаќин на фестивалот на отворено Mariovo Off-Road Experience, кој вклучувал повеќе спортски и рекреативни настани и вообичаено се одржувал три дена на крајот на мај или почетокот на јуни.

Потекло и значење на името

мини|300п|лево|Панорама на селото Манастир

Името на селото Манастир е дојдено поради фактот што тоа настанало со населување кај и околу постариот и познат манастир.

Вообичаена појава во Македонија и пошироко е манастирите да се именуваат според блиските месности и населби (пр. Осоговски, Бигорски, Сливнички, Лешочки итн.), но во овој случај поради тоа што манастирот е постар, а селото е основано подоцна во неговата непосредна близина тоа го добило името Манастир.

Доста поретко, на некои места селото се среќава и под името Манастирец.

Географија и местоположба

мини|лево|300п|Поглед на селото и Скочивирската Клисура на Црна Река мини|300п|десно|Предание за прокопувањето и течението на Црна Река низ Мариово, каде се споменува селото Манастир

Селото се наоѓа во западниот дел на прилепскиот дел од областа Мариово, во јужниот дел на територијата на Општина Прилеп. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 690 метри. Од градот Прилеп, селото е оддалечено 38 километри.

До селото води локален асфалтен пат во должина од 4 километри, кој се двои како крак од регионалниот пат 1107 од неговата десна страна.

Селото Манастир се наоѓа во средишниот дел на Мариово, по долината на Црна Река, односно од нејзината десна страна, сместено веднаш под врвот на една тераса која високо се издигнува над Чебренската односно Скочивирска Клисура. Пределот во кој се наоѓа селото Манастир е познат како Старо Мариово (нарекувано уште и Големо или Прилепско Мариово).

Според својата географска местоположба самото село Манастир во суштина претставува средишна точка на целото Мариово, како за прилепскиот дел така и со својата непосредна близина кон битолскиот дел преку соседното село Зовиќ и тиквешкиот (кавадаречки) дел преку превојот Трибор кај блиските соседни села Витолиште и Полчиште.

Селото е богато со дрвна растителност, а поради изобилството од вода во него има голем број на оревови дрвја, а потоа застапени се и дабот, дивите слива и круша, тополите, смоквите, омориките и дивите маслинки.

Веднаш над самиот манастир и селото од јужната страна се наоѓа Гулабова Пештера.

Други месности и потези на атарот се нарекуваат: на југ и десно до Црна се Декова Дабица, Чуките и Песјо Поле кон Зовиќ и Бешиште, кон север се Водици, Присој, Поличе, Градиште (563 м.), Дрскавец, Ќуловите, Брест, Козјак, Влашка Аргач кон Расимбегов мост, кон манастирот Свети Илија во раселеното село Мелница на исток е потегот Плавец.

Историја

мини|300п|десно|Историска фотографија на Мариовскиот манастир мини|300п|десно|Поглед на Мариовскиот манастир во 2024 година

Мариовскиот манастир „Св. Никола“ со својата специфична градба и редок катедрален изглед на трикорабна базилика, налик на охридската црква „Света Софија“, кој се наоѓа на самиот крај на селото потекнува од раниот среден век односно периодот помеѓу и век. Јасен доказ за тоа се пронајдените фрески во внатрешноста кои датираат и од век, како и застапеноста на натписи на глаголица и самиот архитектонски изглед на манастирската црква. За селото се знае дека е основано во XV век околу познатиот манастир каде што се одржувал голем панаѓур и пазар со многу луѓе. Оттаму доаѓа и името на самото село.

Меѓутоа за настанокот на селото меѓу населението постои и едно предание. Имено, после некој голем грабеж и напад во некое околно село било заклано целото население, а останале живи само едно братче и едно сестриче. Тие најпрвин отишле до Бешиште, а потоа извесен период се криеле и живееле во пештерите и карпите во клисурата на Црна Река во пределот над самиот манастир. Подоцна тие дошле и се доселиле до манастирот при што го основале и селото.Според кажување на мештани. Забележал Марио Шаревски на 24 мај 2015 Во селото Манастир постои презимето и родот Сираковски за кој е можно и веројатно да потекнуваат од „сираците“ брат и сестра кои го основале селото.

Под името Манастирец селото се среќава во втората половина на XV век односно од турските пописни дефтери од 1476/77 кога во селото живееле 35 семејства, потоа во 1481/82 биле попишани исто така 35 домаќинства, за потоа да бележат пораст на 44 домови во 1519 година и 45 домаќинства во 1528/29, како и благо намалување на 40 семејства во 1544/45 година. Во овој период селото Манастир спаѓало во нахијата Мориово во Прилепската Каза. Тоа било село со најголем број на овошни градини и воедно едно од неколкуте села најголем производител на винова лоза во Мариово.

Во својот запис објавен во „Цариградски весник“ под наслов „Споменик за села називаеми Мориево прилепско. Статистическо описание“ на 21 ноември 1859 година за селата во Мариово, македонскиот просветител Јордан Хаџи Константинов-Џинот за селото Манастирец запишал дека имало 55 куќи со разорен манастир и крепост Маркова, додавајќи дека тука уште постоел и манастирот посветен на Свети Димитриј наречен Чебрен со 35 соби.

Врз основа на местоположбата и наведените знаменитости и старини како манастирот и остатоците од Марковата тврдина, овој запис се однесува точно на селото Манастир.

Поради големите лежишта и наоѓалишта на дијатомејска земја, порцеланска глина - каолин, варовнички камен кон крајот на 1950-тите и 1960-тите години во селото била отворена фабриката за градежни материјали „Партизанка“.

Стопанство

мини|300п|десно|Бачила во близина на селото

Атарот на селото зафаќа простор од 15,5 километри квадратни. На него пасиштата заземаат површина од 705 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 253 хектари, а шуми речиси нема.

Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција. Малобројното постојано население, повремените посетители кои имаат свои имоти и куќи, како и монасите од манастирот „Свети Никола“ се занимаваат со земјоделство, сточарство и пчеларство.

Од земјоделството најзастапено е градинарството односно одгледувањето пиперки, домат (патлиџан), кромид, лук, краставици, марула, тиква, бостан односно лубеници и дињи, а постојат и повеќе поголеми ниви на кои се сади компир. Ова производство е речиси целосно за сопствени потреби. Изобилството од вода и влажна почва, покрај за градинарските култури е доста поволно и за голем број на дрвја посебно оревови од кои се раѓаат доста крупни и сочни ореви, потоа тополи, смокви, цреши, сливи, лозници.

Во XVI век според турските пописни дефтери селото имало најголем број на овошни градини и неговите жители многу се занимавале со одгледување на винова лоза. Поради бујните и сочни цветни ливади и изложеноста на сонце кон запад, во селото има одлични услови и поголем број на луѓе се занимаваат со пчеларство. На самиот влез на селото, како и во неколку куќи низ селото сѐ до манастирот има над стотина пчлении сандаци, а пчелни семејства се одгледуваат и во земјани трмки - улишта, при што се произведуваат големи количества на познатиот цветен и ливадски мариовски мед.

Монашкото братство во манастирот и две куќи одгледуваат и неколку (десетина) глави добиток односно крави и говеда. На влезот на селото од двете страни на регионалниот пат има добро уредени трла и бачила со сточарски станови во кои стада овци напасуваат и чуваат поголеми сточарски стопанства од Прилеп.

Селото Манастир и терасата над него се големи лежишта на дијатомејска земја и остатоци од разни вулкански почви и гранитни, вулкански и варовнички карпи како и наоѓалишта на порцеланска глина (каолин), заради што постои и руднички ископ над селото. Кон крајот на педесеттите и шеесеттите години во селото била отворена фабриката за градежни материјали „Партизанка“.

Денес, веднаш над самото село постои и работи рудник односно ископ на висококвалитетен камен за градежништво, а малку подолу југ по патеката кон Зовиќ има и ископ на мермер.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Манастир живееле 208 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 247.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Манастир имало 216 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 148-149.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Манастир се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 34 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.

Како и сите останати мариовски села, така и селото Манастир бележи постојан пад на бројот на жителите и е во состојба на наполно раселување. Така, во 1961 година селото имало 232 жители, а во 1994 година само 12 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, селото Манастир броело само 4 жители, сите Македонци.

Со обновата на монашкиот живот во стариот средновековен манастир Свети Никола во селото, во него постојано живее монашко братство од 3 монаси со игуменот отец Никола и еден искушеник. Од скоро во селото има и неколку повратници иселени во Прилеп кои сега постојано живеат во селото и ги обработуваат своите имоти. Со обновувањето на неколку стари куќи во селото Манастир преку пролетниот, летниот и есенскиот период повремено престојуваат и по триесетина до четириесетина луѓе.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци и воедно тројца монаси во манастирот „Св. Никола“.

Родови

Селото Манастир како и целото Мариово отсекогаш па сѐ до денес било населено исклучиво со Македонци од православна христијанска вероисповед.

Најстар род и најверојатно основачи на селото се Сираковци чиешто родовско презиме Сираковски најверојатно потекнува од двете „сирачиња“ - братче и сестриче кои според народното предание први се заселиле и го основале селото. Останати македонски родови во селото се: Царовски, Спасески, Крстевци и сите се староседелци или старинци.

Поради непосредната близина во минатото брачни врски се склопувале со жителите од Бешиште, Зовиќ, Мелница, Чаниште и Крушевица.

Општествени установи

Поранешно основно училиште Поранешен задружен дом

Самоуправа и политика

Во век, Манастир било село во Прилепската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на големата Општина Прилеп, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Витолиште.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Прилеп. Селото припаѓало на некогашната општина Мориово во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Витолиште, во која покрај селото Манастир, се наоѓале и селата Бешиште, Витолиште, Врпско, Живово и Полчиште. Во периодот 1945-1952, селото припаѓало на Општина Бешиште, во која влегувале селата Бешиште, Манастир и Полчиште.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1528 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на домот на месната заедница на селото Бешиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 29 гласачи.

Културни и природни знаменитости

мини|300п|десно|Воздушен поглед на древниот антички град Антанија

Археолошки наоѓалишта Грамаѓе - Белило — некропола од римското време; Камен Крст - Присој — некропола од римското време; Камено Корито — осамен наод од римското време;