Пештани — село во Општина Прилеп, во областа Прилепско Мариово, во околината на градот Прилеп.

Потекло и значење на името

300п|мини|лево|Воздушен поглед на селото

Според академик Иван Дуриданов, етимологијата на името е од првичното жителско име со наставка -јане од пешт, односно, пештера, пешт.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во северозападниот дел на прилепскиот дел од областа Мариово, во средишниот дел на територијата на Општина Прилеп. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 670 метри.

До селото земјен пат, кој започнува од локалниот асфалтен пат од селото Дуње, кој пак се двои од регионалниот пат 1107 од неговата лева страна.

Историја

Селото е спомнато во Трескавечкиот поменик од XVII-XVIII век.

Селото Пештани во османлиските пописни дефтери:

Османски статистикиДомаќинстваНеженетиВдовициГодишен приходДефтер бр. 4 од 1476/77 г.111936Дефтер бр. 16 од 1481/82 г.17831Дефтер бр. 73 од 1519 г.46532476Дефтер бр. 149 од 1528/29 г.3292261Дефтер бр. 232 од 1544/45 г.30511200

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 18,5 километри квадратни. На него пасиштата заземаат површина од 1.297 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 389 хектари.

Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.

Население

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 година, Пештани било село со 40 домаќинства и 192 жители христијани и 3 Роми.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пештани живееле 280 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 247.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пештани имало 304 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 148-149.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Пештани се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 38 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.

Селото е мало, во фаза на наполно раселување, а е населено со македонско население. Во 1961 година, селото броело 210 жители, а во 1994 година бројот се намалил на само 18 жители.

Според пописот од 2002 година, селото Пештани броело 20 жители, сите Македонци.

Според неофицијални податоци, во 2015 година имало 5 жители претежно стари лица коишто се занимаваат со сточарство.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Македонец.

Општествени установи

мини|300п|десно|Поранешниот дом на културата

Поранешно основно училиште Поранешен дом на културата

Самоуправа и политика

Во век, Пештани било село во Прилепската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на големата Општина Прилеп, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Витолиште, во која влегувале сите села од прилепскиот дел на Мариово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Прилеп. Селото припаѓало на некогашната општина Мориово во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел на тогашната Општина Дуње, во која покрај селото Пештани, се наоѓале и селата Вепрчани, Дуње, Ѓуѓаково, Кален, Кокре, Крушевица и Чаниште. Општината Дуње постоела и во периодот 1945-1952 година.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1524 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта Валјето — осамен наод од римското време; Грамаѓе — населба од римското време; Грмот — населба и некропола од римското време; Пештера — населба од римското време; Припниш — осамен наод од римското време; Црква Св. Ѓорѓија — осамени наоди од римското време; Црквиште — светилиште од римското време; Буклото — населба од античкото време; Вршник — праисториска некропола; и Св. Илија — населба од раната антика и римското време (старомакедонскиот град Достонеи).Виктор Лилчиќ, DOSTОNEON TO KOINON, убикација, (MN/MH) Br. 25, Skopje 2005, 2-19

Цркви Црква „Св. Ѓорѓи“ — главната селска црква; Црква „Св. Илија“ — манастирска црква; и Црква „Св. Петка“ — манастирска црква.

Манастири Пештански манастир „Св. Илија“ — манастир во близина на селото; и Пештански манастир „Св. Петка“ — манастир во близина на селото.

Езера Пештанско Езеро — мало езеро во близина на селото.

Редовни настани

Слави Илинден (2 август) — собир во црквата „Св. Илија“ која што се наоѓа на левата страна на селото Пештани и скриена во карпестиот рид се собираат пештанци и луѓе од разните краеви на Македонија за да го прославаат празникот. Исто така за Први Мај кај црквата „Св. Петка“ која што е на десната страна на селото се собира народ за да го прослават државниот празник.

Галерија

Поврзано Општина Прилеп Мариово

Наводи

Надворешни врски

Репортажа Пештани денес Facebook страна за с. Пештани. Повеќе фотографии од с. Пештани.

Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Прилеп