Прилепец — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба Селото Прилепец е планинско село. Се наоѓа на Дрен Планина, јужно од градот Прилеп. Соседни населби се Волково и Чумово.

Историја мини|лево|Споменик во Прилепец посветен на деветтемина борци од партизанскиот одред „Ѓорче Петров“ кои на 19 декември 1942 година откако беа предадени загинаа во борба против бугарската војска и полиција

Во XIX век селото било дел од Прилепската Каза на Отоманското Царство.

На 20 декември 1942 година во Прилепец бил опколен и разбиен партизанскиот одред „Ѓорче Петров“ од страна на бугарската војска. Во борбата загинале Стеван Базеркоски - Лански, Борка Спасески-Влачарот, Стеван Димески, Димче Мирчески, Гога Јанкуловски, Пројче Најдоски-Сокле, Бошко Јосифовски и Менде Бошкоски, а Киро Фетак бил фатен и одведен во касарната во Прилеп, каде подоцна бил сурово мачен и убиен.

десно|мини|300п|Жени перат на изворите до с. Прилепец, за време на Првата светска војна, 1918 година

Стопанство

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Прилепец живееле 140 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.244. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Прилепец имало 176 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 150-151.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Прилепец е претставен како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 22 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Прилепец живеат 9 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.

Родови

Прилепец е македонско село.

Родови во селото се:

Староседелци или со непознато потекло: Ѓондевци (1 куќа) они се многу стар род, возможно е да се староседелци. Доселеници: Вишиновци (13 куќи) доселени се од селото Мало Илино во Железник. Од таму избегале „од албанците“. го знаат следното родословие: Наум (жив на 73 г. во 1954 година) Тасе-Наум-Кочо-Вишин, предокот кој се доселил во селото, тоа било почетокот на XIX век; Џамеровци (9 куќи) доселени се од Дебарско. Во местото на старина Турци сакале да им земат некоја девојка и затоа избегале, најпрво во Лагово па во Волково и на крај во Прилепец, го знаат следното родословие: Цветан (жив на 82 г. во 1954 година) Богоја-Митре, се доселил неговиот татко; Милошевци (5 куќи) и они се доселени од дебарска страна.

Општествени установи мини|десно|Стара куќа во Прилепец

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1437 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.

Културни и природни знаменитости мини|десно|Манастирската црква „Св. Никола“ Цркви Црква „Св. Димитриј“ — селска црква Црква „Св. Никола“ — црква на Прилепечкиот манастир

Манстири Прилепечки манастир („Св. Никола“)

Археолошки наоѓалишта Безистен — населба од брозеното време Глува Долна — светилиште од римско време Камберица — населба од доцноантичко време Корита — населба од хеленистичко и римско време Марков Ѕид — тврдина и некропола од антиката и средниот век Маркова Стапалка — некропола од доцноантичко време Св. Димитрија — црква од непознат период Долиште — некропола од хеленистичко време

Езера Прилепечко Езеро — вештачка акумулација југозападно од селото Големо Волковско Езеро — акумулација во атарите на Прилепец и Волково

Редовни настани

Личности Родени Трајан Илиев Секулоски — револуционер од МРО Атанас Мицев - Џамот — револуционер од ВМОРО, подоцна бугароман, предавник на партизаните во манастирот „Св. Никола“ на 20 декември 1942. Рада Тодорова Бошкоска — учесник во НОВ на Македонија.

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Прилеп