Присад — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Географија и местоположба

Историја

Стопанство

Население

Во почетокот на XX век во селото Присад живееле околу 350 жители.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.247.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Присад се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 37 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.

Според пописот од 2002 г. во Присад живеат само 5 жители и селото е во фаза на изумирање.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.

Родови

Присад е македонско село.

Родови во Присад се:

Староседелци: Бластевци (1 к.), Терзиовци (3 к.) и Кочовци (2 к.). Доселеници: Беќаровци (2 к.), Мечкаровци (1 к.), Шејтановци (1 к.), Скуревци (1 к.), Тодоровци (4 к.), Лазоровци (4 к.), Јанкуловци (2 к.), Илијовци (2 к.) и Јанковци (1 к.) доселени се, но не знаат од каде; Шемковци (2 к.) доселени се околу 1900 година од тогаш уништеното село Црници на планината Клепа (сливот на Бабуна); Петковци (2 к.) доселени се од селото Бела Црква, таму имаат роднини подалечно потекло од селото Смилево во Железник.

Иселеништво До почетокот на Втората светска војна, Присад броел 50 домаќинства. Оттогаш почнало нагло иселување во Прилеп. Од секој род има по неколку иселени куќи во градот, па затоа бројот на куќи по родовите е мал. Целосно се иселени Споренковци, кои денес живеат во Прилеп. Тие се доселиле тука од селото Бонче, исто така во Прилепско.

Општествени установи мини|Манастирската црква „Св. Ѓорѓија“ во близина на Присад

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1442 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 3 гласачи.

Културни и природни знаменитости Црква „Св. Атанасиј“ — црква во Стар Присад Црква „Св. Петка“ — црква во Нов Присад Црква „Св. Ѓорѓи“ — манастирска црква

Редовни настани

Личности Личности починати во Присад:

Ило Ганчев Стојанов (1924-1944) — македонски револуционер, учесник во НОВ на Македонија.

Култура и спорт

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Прилеп