Мохамед Диаме исто така познат како Момо Диаме (роден на 14 јуни 1987) — сенегалски фудбалер, играч од средниот ред на англискиот клуб Њукасл Јунајтед и на сенегалската репрезентација.
Иако е роден во Франција, Диаме избрал на репрезентативно ниво да ја претставува сенегалската репрезентација.
Клупска кариера Почетоци Роден во Кретил, Диаме ја започнал својата професионална кариера во 2003 година со екипата на Ланс, но тој го напуштил клубот четири години подоцна, откако се соочувал со здравствени проблеми. По целосното закрепнување, тој потпишал за шпанскиот нисколигаш Линарес во 2007 година, а следната година се преселил во Рајо Валјекано, помагајќи му на клубот од Мадрид да стигне до средината на табелата во Сегунда дивисион, откако избориле промоција сезона пред тоа. Во текот на неговото време во Рајо било објавено дека екипите од Примера Дивисион, гигантите Реал Мадрид и Барселона биле заинтересирани за ангажирање на Диаме во својте редови, како и англискиот клуб Арсенал.
Виган Атлетик thumb|left|150px|Диаме со Виган во 2010 година Во август 2009 година, Диаме го комплетирал својот трансфер во Премиер лигата откако потпишал за екипата на Виган Атлетик, за кого клубот исплатил 3.800.000 евра на екипата на Рајо, во договор во кој исто така, бил вклучен одбранбениот играч на Латикс Антонио Амаја, кој заминал во спротивен правец од Диаме. Трансферот претходно привремено бил ставен на чекање, по наводните проблеми со срцето кој му биле пронајдени. Диаме го направил своето деби на истиот ден кога го завршил неговиот трансфер, во поразот со 5-0 на неговиот нов тим од Манчестер Јунајтед. Тој го постигна својот прв гол за Виган против Сандерленд на 6 февруари 2010 година. По крајот на сезоната 2011-2012 тој беше ослободен од Виган и станал слободен играч во летото.
Вест Хем Јунајтед На 20 јуни 2012 тој потпишал три-годишен договор со Вест Хем Јунајтед. По доаѓањето во клубот одбрал да го носи дресот со број 21., кој претходно го носел неговиот сонародник Папа Буба Диоп. Диаме го направил своето деби за Вест Хем на 18 август 2012 година во победата со 1-0 над Астон Вила. Својот прв гол за чеканите го постигнал во поразот со 3-1 од Арсенал на 6 октомври 2012 година. Вкупно за клубот одиграл 79 натпревари и постигнал 7 гола.
Хал Сити На 1 септември 2014, Диаме потпишал три-годишен договор со Хал Сити. Две недели подоцна, го направил своето деби за клубот на Кеј-Си стадионот, постигнувајќи еден од головитепротив својот поранешен клуб Вест Хем Јунајтед во ремито 2-2.
На 28 мај 2016, Диаме го постигнал единствениот гол со кој Хал го совладал Шефилд Венздеј со 1-0 во финалето на плејофот на Чемпионшип лигата и успеал да избори промоција во Премиер лигата веднаш откако испаднале во претходната сезона.
Њукасл Јунајтед На 3 август 2016, потпишал три-годишен договор со Њукасл Јунајтед.
Репрезентативна кариера На 22 март 2011 година, Диаме бил повикан да игра за селекцијата на Сенегал, за која имал квалификации бидејќи неговиот татко е роден во Дакар Диаме го направил своето репрезентативно деби подоцна во месецот.
Во јули 2012 година, Диаме беше најавен како еден од трите играчи кој ја надминуваат старосната границата за настап на ЛОИ 2012 во Сенегалскиот тим. Диаме играше во сите четири натпревари (три во групната фаза и во четвртфиналето) на својата репрезентација, но Сенегал испадна во четвртфиналето каде беа поразени од Мексико со 4-2 по продолженија.
Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 24 октомври 2016.
+ Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2005-2006 Ланс Б АШФ 28 1 - - - - - - - - - 28 1 2006-2007 АШФ - - - - - - - - - - - 0 0Вкупно Ланс Б 28 1 - - - - - - 28 1 2007-2008 Линарес 2ªБ 31+1 1+0 КШ 1 1 - - - - - - 33 2 2008-2009 Рајо Валјекано 2ª 35 1 КШ 2 0 - - - - - - 37 1 2009-2010 Виган Атлетика ПЛ 34 1 ФАКуп+ЛК 2+1 0 - - - - - - 37 1 2010-2011 ПЛ 36 1 ФАКуп+ЛК 3+1 2+0 - - - - - - 40 3 2011-2012 ПЛ 26 3 ФАКуп+ЛК - - - - - - - - 26 3Вкупно Виган Атлетик 96 5 7 2 - - - - 103 7 2012-2013 Вест Хем Јунајтед ПЛ 33 3 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 34 3 2013-2014 ПЛ 35 4 ФАКуп+ЛК 0+6 0 - - - - - - 41 4 авг. 2014 ПЛ 3 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 4 0Вкупно Вест Хем Јунајтед 71 7 8 0 - - - - 79 7 авг. 2014-2015 Хал Сити ПЛ 12 4 ФАКуп+ЛК - - - - - - - - 12 4 2015-2016 ЧЛ 38+3 9+1 ФАКуп+ЛК 1+3 0 - - - - - - 45 10Вкупно Хал Сити 50 13 4 0 - - - - 54 13 2016-2017 Њукасл Јунајтед ЧЛ 22 2 ФАКуп+ЛК 0+4 0+3 - - - - - - 26 5Вкупно во кариерата 33330 26 6 -- - - 35936
Надворешни врски
Мохамед Диаме на soccerway
Категорија:Живи луѓе Категорија:Сенегалски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Рајо Ваљекано Категорија:Фудбалери на ФК Виган Атлетик Категорија:Фудбалери на ФК Вест Хем Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Хал Сити Категорија:Фудбалери на ФК Њукасл Јунајтед Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Француски фудбалери Категорија:Родени во 1987 година