Голица (водопија или цикорија;„Цикорија“, Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 1602. ()) — род на цветни растенија од фамилијата Штитоцветни (Asteraceae). Опфаќа два питоми и шест диви вида.

Обичната голица (Cichorium intybus) е грмушеста повеќегодишна билка сина или синовиолетова (поретко бели и розови) цветови. Во дивина расте на крајпатни места. Се одгледува поради листовите, кои се употребуваат за салата (ендивија). Корењата на други видови се користат за добивање на сурогат на кафето.

Вистинската ендивија (Cichorium endivia) се одгледува за салата. Листовите по вкус малку нагорчуваат и во билкарството се ценат поради извесни својства.

Растенијата од родот голица се и храна за ларвите на извесни видови молци.

Галерија

Наводи

Надворешни врски Лековитоста на цикоријата (Cichorium intybus) Особини и лековити својства на цикоријата Опрашувачи на голицата - дијагностички фотографии, инсекти-опрашувачи

Категорија:Голици (племе) Категорија:Штитоцветни