Крушица — село во Општина Свети Николе, во областа Овче Поле во околината на градот Свети Николе.

Географија и местоположба

Историја Во век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската Каза во Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Крушниче и било христијанско, каде имало 21 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 80 мажи христијани, со 9 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 178 жители.

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Крушица имало 230 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 207 Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Крушица имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 114-115.

Според пописот од 2002 година, во селото Крушица живеат 22 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според пописот од 2021 година, во селото Крушица живеат 5 жители, сите Македонци.

Родови

Крушица е македонско село.

Според истражувањата од 1957 година, родови во селото се:

Доселеници: Чаршамовци (2 к.) најстар род во селото. Доселени се во втората половина на XVIII век од гостиварското село Дуф; Пичевци (10 к.) доселени се од некое село во сливот на Бабуна (Велешко); Соколовци (11 к.) доселени се од селото Буриловци. Изгледа таму биле староседелци; Дупкаровци (7 к.) доселени се од селото Макреш. Го знаат следното родословие: Трајко (жив на 83 г. во 1957 година) Дине-Китан, се доселил дедото на Китан, чие име жителите на овој род не го памтам, во Макреш најверојатно биле староседелци; Колевци (7 к.) доселени се од некое село во Кратовско; Убавелевци (2 к.) доселени се од Македонска Каменица; Коларовци (1 к.) доселени се од соседното село Алакинци. Порано овој род имал (7 к.), но се смалил поради изумирање и иселување.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1690 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.

Културни и природни знаменитости Верски објекти Црква „Вознесение Христово“ — главна селска црква Ѓуришки манастир со црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ Параклис „Св. Петка“ Параклис

Археолошки наоѓалишта Колева Чешма — средновековна црква и некропола; Рид — старохристијанска црква; Св. Дух — осамен наод од римското време; Св. Спас — осамени наоди од римското време; Стара Црква — средновековна црква и некропола.

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво Македонските иселеници од Крушица претежно се иселувале кон Скопје. Таму има иселеници од разни погоре набројани родови.

Ѓошо се иселил во Новачани кај Велес. Таму се иселил како домазет во 1920 година.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Светиниколски села Категорија:Села во Општина Свети Николе