Горно Соње (познато и како Горно Солње) — село во Општина Сопиште, во областа Каршијак, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба мини|лево|Над Горно Соње мини|лево|Црквата „Св. Никола“
Селото се наоѓа во областа Каршијак, во јужното подножје на планината Водно. Горно Соње е едно од највисоките села во Општина Сопиште на надморска височина од 850-1024 метри кај црквата „Св. Никола“. Оддалечено е 11 километри јужно од Скопје.
Во крајниот југоисточен дел на атарот се наоѓало некогашното село Слатина.
мини|На чистинката среде Горно Соње. мини|Куќа со стара архитектура во Горно Соње мини|Црквата Свети Никола во Горно Соње
Историја Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 69 христијански семејства и 5 вдовици христијани.Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.488
Во век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската Каза во Отоманското Царство.
Население
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 24 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 78 мажи христијани, со 7 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 170 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 351 жител.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Соње живееле 254 жители, сите Македонци.Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256 Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Соње имало 384 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 550 Македонци.
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 219 жители, од кои 207 Македонци, 9 Срби и 3 други.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 362 жители, од кои 290 Македонци, 1 Влав, 7 Срби, 3 останати и 61 лице без податоци.
Родови
Горно Соње е македонско православно село.
Според истражувањата од 1950 година, родови во селото се:
Староседелци: Младеновчиња (3 к.) и Дудукој (4 к.) порано чинеле еден род; Стојаној (21 к.) во овој род била омажена и некоја жена од Бутел, и по неа сега еден дел од родот се вика Бутљевчиња. Други дела од овој род се викаат Поповци, Несторовци и Ѓорчеј; Тутуној (10 к.); Бачој (5 к.) имаат прекар и Мечкари. Но не знаат како го добиле; Кочиовци (4 к.). Доселеници: Милевци (14 к.) доселени се од некое место во Дебарско. Ги викаат и Дебрани. Основачот на родот е доселен како домазет; Младеној (3 к.) порано биле еден род со споменатите Милевци; Патлиџаној (4 к.) доселени се од Кумановско; Павлевчиња (2 к.) доселени се од селото Кучково. Крлевче (1 к.) доселени се од Кумановско. Шетаре (1 к.) доселени се од селото Јаболци. Куќа им направиле Младеновци и така се останати овде.
Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Никола“ од средновековието, подоцна обновена
Личности Родени во Горно Соње Богоја Стојанов (1926-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Добре Боневски (1922-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Драга Божинова (1923-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Илија Трпевски (1928-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Киро Стојановски (1926-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Најдо Стојановски (1917-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Поврзано Каршијак Општина Сопиште Сопиште
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Горно Соње на Карти на Гугл