За други значења видете Непроштено (појаснување)
Непроштено — село во Општина Теарце, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово.
Географија и местоположба Село Непроштено се наоѓа во Долни Полог, општина Теарце, 7 километри североисточно од градот Тетово. Станува збор за ридско-планинско село кое се наоѓа во подножјето на Шара, на надморска височина од 509 метри.
Историја Во поранешно време с. Непроштено се викало Андреево. Но кога некој поп стигнал во Андреево да проси, пробал во сите куќи да проси но никој не му дал ниту корка леб. И тој на излезот од селото им рекол „Непростено да ви е“ и така ова село го добило името Непроштено.
Стопанство
Население
Ова село се дели на два дела и тоа македонски и албански. Ги дели само мала река која се нарекува Палавица затоа што некогаш имало многу вода и го поплавила селото.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Непроштено живееле 690 жители, од кои 580 Македонци. и 110 Албанци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.210. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Непроштено имало 560 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, стр.122-123.
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Непроштено е центар на општина од три села и има 104 куќи со 773 жители, Македонци и Албанци.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Македонци и 250 Албанци.
На пописот од 2002 година, селото имало 1.310 жители.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.178 жители, од кои 330 Македонци, 808 Албанци, 1 Србин, 5 останати и 34 лица без податоци.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.
ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациВкупно1948—————————1.0661953777366———2...3—1.14819616944212......2...13—1.132197150752815—...2...9—1.0611981524711———4...4—1.2431991443————3...——4461994415835———1...——1.2512002405898———2—4—1.3102021330808———1—5341.178
Родови Непроштено е македонско-албанско село
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:
Македонски:
Ѓурчинци (7 к.), Староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Скопје (две семејства). Шкуртовци (13 к.), Староседелци. Името го добиле по некој Дедо Стојко кој го викале Стојко Шкурто. Имаат заеднички многу стар корен со големиот српски род Калинчики од призренското село Плањане но не се знае дали са доселени од тамо во Непроштено или обратно. Имаат роднини во селото Лешок (Род Јанини, Јовановски). Имаат иселеници во Тетово (едно семејство), Скопје (три семејства) и во Софија (две семејства). Слава на родот е Св. Никола Димитриовци или Попоѓои (4 к.), Староседелци. Имаат иселеници во Белград (едно семејство) Маркуќевци (8 к.), Староседелци. Имаат иселеници во Габрово (едно семејство). Корлевци (1 к.), Староседелци. Имаат иселеници во Бугарија (две семејства). Мојсини (1 к.), Староседелци. Кокеловци (2 к.), Староседелци. Пројковци (3 к.), Староседелци. Имаат иселеници во Скопје (едно семејство) Корупковци или Сибиновци (2 к.), Староседелци. Имаат иселеници во Софија (едно семејство). Лалошои (10 к.), е лоза од свештеничкиот род Лалошои од село Лешок. Прв доселеник бил Левко, , брат на поп Китан и син на Милош од големиот свештенички род Лалошои од Лешок. Лозата на Лалошои од Непроштено, во 2009 година брои ( 378) лица, кои живеат во: Напроштено,Џепчиште, Тетово, Скопје, и други места. Дабинчевци (6 к.) доселени се од Дебарско. Овде живеат од средината на XVIII век, го знаат следното родословие: Ристо (жив на 70 г. во 1947 година) Миајл-Стаменко-Јандрија-Стојан, основачот на родот кој се доселил. Имаат иселеници во Белград (едно семејство), Софија (две семејства) и во Америка (две семејства). Терзинци (23 к.) доселени се од соседното планинско сега албанско село Ѓермо, го знаат следното родословие: Тодор (жив на 53 г. во 1947 година) Богдан-Кочо-Гаврил, дошол таткото на Гаврил. Имаат иселеници во Тетово (две семејство), Скопје (шест семејства), Белград (едно семејство) и во Софија (едно семејство). Јанковци (7 к.) доселени се однекаде. Пачавровци (15 к.) доселени се од планинското село Брезно. Имаат иселеници во Тетово (две семејства) и во Белград (пет семејства). Калковци (6 к.) доселени се од Призрен и добиле име по големото Кале Калаја над Призрен. Имале иселеници во Тетово (едно семејство, али изумрело), и во Романија (две семејства, од кои едното изумрело). Бојковци (10 к.) доселени се од полското село Требош, подалечно потекло имаат од околината на Гнилане, го знаат следното родословие: Никола (жив на 55 г. во 1947 година) Аврам-Кочо, кој се доселил од Требош. Имаат иселеници во Тетово (четири семејства), Скопје (две семејства), Белград (шест семејства) и во Софија (едно семејство). Петкои или Аџиини (495) лица во 2009 година. Родот Петкои се староседелци. Домашна слава на родот Петкои односно Аџиини е Петковден.
Според истражувањата заклучно со 2009 година, во Непроштено, во погоре споменатите родови треба да се додаде и родот Петкои односно Аџиини. Во родот Петкои односно Аџиини од Непроштено познати се седум колена: Димо-Петруш-Цвета-Живко-Митко-Огнен-Луна. . Заклучно со 2009 година од родот Петкои односно Аџиини од Непроштено има 495 лица, кои живеат во: Непроштено, Џепчиште, Лешок, Тетово, Скопје, Белград, Детроит и други места.
Албански:
Садиковци (11 к.) најстар албански род, доселени се средината на XIX век, од северна Албанија; Мирселои (19 к.) доселени се после претходниот род исто така од северна Албанија; Демировци (14 к.) време и место на доселување како претходниот род; Салија (1 к.) доселен од Слатино, подалечно потекло од с. Албанија; Сејдо (1 к.) доселен од Желино, подалечно потекло од с. Албанија; Мислија (1 к.) и Салија (1 к.) доселени од некое околно село, подалечно потекло од с. Албанија.
Општествени установи Селото има три цркви: „Св.Архангел Михаил“ „Св.Ѓорѓи“ Црква „Св. Илија“ - Непроштено
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 2007 и 2008 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.198 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности Мајкл Серафинов (Michael Seraphinoff) (2 февруари 1946) – славист, писател и преведувач (син на иселеник од Непроштено) Јован Србиновски (р. 1948) – македонски инженер, металург и долгогодишен директор на ХЕК „Југохром“ од Јегуновце
Култура и спорт
Иселеништво За време на кризата во 2001 година многу жители се иселиле од ова село, претежно во Скопје и во странство
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Теарце