Нераште — село во Општина Теарце, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 17 километри северно од Тетово.

Историја Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 29 семејства, 1 неженет и 2 вдовици, сите христијани.Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.325

Стопанство

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Нераште живееле 465 жители Албанци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.211.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.

На пописот од 2002 година, селото имало 3.485 жители, од кои 3.478 Албанци и 7 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.724 жители, од кои 2 Македонци, 2.670 Албанци, 1 останат и 51 лице без податоци.

Родови

Како еден од најстарите албански родови во селото се споменува родот Реч (46 куќи), кој потекнува од тројца браќа: Демир, Арслан и Арло. Од нив потекнуваат денешните семејства. Потеклото им — селото Реч, коешто се наоѓа на левата страна од реката Црн Дрим во северна Албанија, а во Македонија живеат од првата половина на 19- иот век.Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р- Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., стр.11

Нераште е албанско село.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:

Староседелци: Љаље (6 к.) они се помуслиманети, па поалбанчени Македонци. Мешајќи се со Албанците целосно се имаат албанизирано. Доселеници: Дибран (14 к.) и Оџалари (15 к.) доселени се од околината на Пешкопеја во северна Албанија. Во првиот род се знае следното родословие: Ејуп (жив на 60 г. во 1948 година) Баки-Шаќир-Баки-Фета-Дурмиш, кој се доселил во селото; Реч (46 к.) во Нераште дошле тројца браќа (Демир, Арслан и Арла) од селото Реч кое лежи на левата страна на реката Дрим во северна Албанија. Го знаат следното родословие: Исен (жив на 70 г. во 1948 година) Ајрула-Мемиш-Арла, еден од браќата кои се доселиле; Маџар (31 к.), Мифтаре (22 к.), Јазаџи (13 к.), Шукере (9 к.), Бектеш (7 к.), Вајље (4 к.), Шабане (4 к.) и Шуљк (9 к.) сите се доселени од северна Албанија. Некои се од фисот Красниќи; Цека (5 к.) и Татар (3 к.) доселени се од селото Длабочица кај Качаник; Љоке (6 к.) они се од фисот Красниќи. Постои род со истото име во селото Котлина кај Качаник кои имаат (40 к.). Најверојатно они се дојдени од таму; Гушиц (1 к.) доселени се од селото Гушица кај Качаник; Стрег (1 к.) порано живееле во селото Подбреѓе, нивното потекло е турско.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 2029, 2029/1, 2030, 2030/1, 2031 и 2031/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште и здравствен пункт.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 3.653 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво Православните Македонци од ова село целосно се иселиле во XIX век. Од нив се знае за родот Пејовци (4 к.) кои се иселени во блиското село Варвара.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Теарце