Баланци — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.
Потекло и значење на името
Името на селото првпат е забележано дури во век како Баланце. Името доаѓа од личното име Балан (што се поврзува со имињата Балдовин, Братислав, Братољуб, Благомир и Благољуб) или пак од романското лично име Балан плус суфиксот -ци. Како друга варијанта е дека може да е остаток од античкиот македонски јазик бал(а) што означува „брезо животно“, а на романски и албански јазик „бал“ означува бел.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Центар Жупа, сместено во областа Дебарска Жупа. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 735 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 9 километри.
До дел од селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 2249, кој поминува низ горниот понов дел на селото.
Историја
Подрачјето на Баланци е населено уште од средниот век, за што сведочи наоѓалиштето Црква во неговата околина.
Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Стопанство
Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 2,9 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 156,8 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 85,9 хектари, а на пасиштата само 30,9 хектари.
Селото, во основа, нема некоја развиена аграрна функција.
Население
Според отоманските дефтери од 1520-тите, во 16. села поврзани со Кала-и Коџаџик (сите денешни села на Центар Жупа) немало муслиманско население. Сепак, муслиманското население се зголемило во подоцнежните години. Ова најверојатно било дел од исламизацијата на Македонија под турска власт.367 NUMARALI MUHÂSEBE-İ VİLÂYET-İ RÛM-İLİ DEFTERİ İLE 94 ve 1078 NUMARALI AVLONYA LİVÂSI TAHRÎR DEFTERLERİ (926-1520/937-1530) "Во тахрирот од 1520-1530 година: Dizdār, nefer 1 Kethudā, nefer 1 İmām, nefer 1 Merdān-ı kal‘a, neferan 28 Kurā 16 Mezra‘a 1 Hāne-i müslim 1 Mücerred-i müslim 1 Hāne-i gebrān (Христијанин) 635 Mücerred-i gebrān 67 Bīve 26 Hāsıl 47.035 Според дефтерот Тахрир, Коџаџик и неговите села во 1530 година биле 1-Kocacık kl. 2- Gorenci 3-Pariş 4-Boroşiniçe 5-Çirnibok 6-Yukarı Papranik 7-Aşağı Papranik 8-Koçişte 9-Breştani 10-Novak 11-Aşağı Elişiçe 12-Gorna Elişiçe 13-Osolniçe 14-Porovalenik 15-Vilasik 16-Tırnovnik"
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 28 домаќинства со 42 жители муслимани (Албанци) и 35 христијани (Македонци).„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
Во 19 век, Баланци било село во Дебарски Санџак на Отоманско Царство. Во делото „Етнографија на вилаетите Одрин, Битола и Солун“ — објавено во Истанбул во 1878 година и засновано на статистички податоци за машкото население од 1873 година — Баланци е наведено како село со 28 домаќинства и население од 42 Македонци муслимани и 35 Македонци.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Баланци живееле 295 жители, сите Албанци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 261.
На етнографската карта на Битолски вилает од 1901 година, изработена од Софиски картографски институт, Баланци е прикажано како село со 60 куќи во Дебарски Санџак, населено исклучиво со Македонци муслимани.Етнографска карта на Битолскиот вилает (каталози на населби, забелешки и карта во четири дела). Скопје, Каламус, 2017. ISBN 978-608-4646-23-5. с. 47.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Албанци.
Во 1961 година селото броело 579 жители, од кои 536 биле Турци, а 43 Албанци, а во 1994 година 359 жители, од кои 351 биле Албанци, а четири жители Турци.
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Баланци, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.
Според пописот од 2002 година, во селото Баланци живееле 432 жители, од кои 9 Македонци, 422 Албанци и 1 останат.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 165 жители, од кои 149 Албанци, 4 Турци и 12 лица без податоци.
Самоуправа и политика
мини|300п|десно|Поглед на селската џамија
Кон крајот на век, Баланци било село во Дебарската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Паирадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0560 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Центар Жупа.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 459 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 489 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта Црква — средновековна некропола.
Џамии Џамија — главна селска џамија
Галерија
Поврзано Општина Центар Жупа Дебар Дебарска Жупа
Наводи
Забелешки
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Дебарски села Категорија:Села во Општина Центар Жупа