Брештани — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.
Потекло и значење на името
Името на селото првпат е забележано во турски документи како Брештани во век (1467 г.). Името доаѓа од основата брест.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Припаѓа на областа Дебарска Жупа, сместено на западната падина на планината Стогово. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 880 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 14 километри.
Низ селото поминува регионалниот пат 2249.
Историја
Подрачјето на Брештани е населено уште од доцноантичкиот период, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.
Стопанство
Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 2,7 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 93,1 хектар, на шумите отпаѓаат 77,3 хектари, а на обработливото земјиште 40,1 хектар.
Селото, во основа, има полјоделска функција.
Население
Според отоманските дефтери од 1520-тите, во 16 села поврзани со Кала-и Коџаџик (сите денешни села на Центар Жупа) немало муслиманско население. Сепак, муслиманското население се зголемило во подоцнежните години. Ова најверојатно било дел од исламизацијата на Македонија под турска власт.367 NUMARALI MUHÂSEBE-İ VİLÂYET-İ RÛM-İLİ DEFTERİ İLE 94 ve 1078 NUMARALI AVLONYA LİVÂSI TAHRÎR DEFTERLERİ (926-1520/937-1530) "Во тахрирот од 1520-1530 година: Dizdār, nefer 1 Kethudā, nefer 1 İmām, nefer 1 Merdān-ı kal‘a, neferan 28 Kurā 16 Mezra‘a 1 Hāne-i müslim 1 Mücerred-i müslim 1 Hāne-i gebrān (Христијанин) 635 Mücerred-i gebrān 67 Bīve 26 Hāsıl 47.035 Според дефтерот Тахрир, Коџаџик и неговите села во 1530 година биле 1-Kocacık kl. 2- Gorenci 3-Pariş 4-Boroşiniçe 5-Çirnibok 6-Yukarı Papranik 7-Aşağı Papranik 8-Koçişte 9-Breştani 10-Novak 11-Aşağı Elişiçe 12-Gorna Elişiçe 13-Osolniçe 14-Porovalenik 15-Vilasik 16-Tırnovnik"
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 25 домаќинства со 48 жители муслимани (Турци).„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Брештани живееле 300 жители, сите Турци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 261.
Според статистиката на Јован Хаџи Васиљевиќ („Муслиманите од нашата крв во Јужна Србија“) од 1924 година, селото Брештани имало околу 900 жители. Околу 600 од нив биле муслимани.Jovan Hadži Vasiljević. Muslimani naše krvi u Južnoj Srbiji. Beograd 1924. g.
Селото е мало и во 1961 година броело 110 жители, од кои 109 биле забележани како Турци, а во 1994 година бројот останал речиси ист, односно 105 жители, населено со турско население.
Според пописот од 2002 година, селото Брештани броело 120 жители, сите Турци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 104 жители, од кои 101 Турчин и 3 лица без податоци.
Родови
Брештани е турско село.
Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се:
Доселеници: Сулолар (2 к.), Аламанлар (3 к.), Шаинлар (2 к.), Рахманлар (3 к.), Емролар (3 к.), Саиди-Беќирлер (4 к.), Сератли (4 к.), Тафоџалар (2 к.), Бајрамлар (4 к.), Камберлер (3 к.), Феролар (4 к.), Исаклар (4 к.), Чолак-Османлар (3 к.) и Мало-Спаи (5 к.), сите се доселени од селото Коџаџик кон крајот на и почетокот на век. Во Коџаџик имале роднини.
Иселеништво
До 1954 година, Турците од селото се иселиле во најголем број во Турција (12 семејства). И тоа во Адапазар (9 семејства) и во Истанбул (3 семејства).
Општествени установи
Основно училиште „Неџати Зекерија“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Неџати Зекерија“ - Коџаџик Поранешна амбуланта
Самоуправа и политика
Кон крајот на век, Брештани било село во Дебарската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Коџаџик, во која влегувале селата Брештани, Долгаш, Евла, Елевци, Кочишта, Коџаџик, Новак, Осолница и Праленик. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Коџаџик, која била составена од селата Брештани, Коџаџик, Кочишта, Новак, Осолница и Праленик.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0566 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 102 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 115 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта Влаи — средновековна населба и некропола; Машатлак — средновековна некропола; Долно Поличе — населба од доцноантичко време; и Поличе — средновековна црква и некропола.
Џамии Џамија — главна селска џамија
Реки Брештанска Река — мала река низ селото
Галерија
Поврзано Општина Центар Жупа Дебар Дебарска Жупа
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Дебарски села Категорија:Села во Општина Центар Жупа