Броштица — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Селото главно е населено со Македонци муслимани, но поради политичко-религиски причини дел од нив се изјасниле како Турци.

Потекло и значење на името

Името на селото првпат е забележано во век (1583 г.) како Проштица. Некогаш се сретнувало и како Брштица. Името доаѓа од растението брошт, кое можеби е и првобитното име на Броштичка Река, кое после станало име на селото.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Селото се наоѓа во областа Дебарска Жупа, сместено мошне високо на западната падина на планината Стогово. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.300 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 11 километри.

До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 2249.

Историја

Подрачјето на Броштица е населено уште од средниот век, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.

Стопанство

Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 3,7 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 144 хектари, на шумите отпаѓаат 106,7 хектари, а на пасиштата 90 хектари.

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во него работат продавници и угостителски објекти.

Население

Според отоманските дефтери од 1520-тите, во 16. села поврзани со Кала-и Коџаџик (сите денешни села на Центар Жупа) немало муслиманско население. Сепак, муслиманското население се зголемило во подоцнежните години. Ова најверојатно било дел од исламизацијата на Македонија под турска власт.367 NUMARALI MUHÂSEBE-İ VİLÂYET-İ RÛM-İLİ DEFTERİ İLE 94 ve 1078 NUMARALI AVLONYA LİVÂSI TAHRÎR DEFTERLERİ (926-1520/937-1530) "Во тахрирот од 1520-1530 година: Dizdār, nefer 1 Kethudā, nefer 1 İmām, nefer 1 Merdān-ı kal‘a, neferan 28 Kurā 16 Mezra‘a 1 Hāne-i müslim 1 Mücerred-i müslim 1 Hāne-i gebrān (Христијанин) 635 Mücerred-i gebrān 67 Bīve 26 Hāsıl 47.035 Според дефтерот Тахрир, Коџаџик и неговите села во 1530 година биле 1-Kocacık kl. 2- Gorenci 3-Pariş 4-Boroşiniçe 5-Çirnibok 6-Yukarı Papranik 7-Aşağı Papranik 8-Koçişte 9-Breştani 10-Novak 11-Aşağı Elişiçe 12-Gorna Elişiçe 13-Osolniçe 14-Porovalenik 15-Vilasik 16-Tırnovnik"

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 60 домаќинства со 65 жители муслимани (Македонци) и 106 христијани (Македонци).„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Броштица имало 800 жители, сите Македонци, од кои 200 православни и 600 муслимани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 261. На етнографската карта на Битолски вилает од 1901 година, изработена од Софиски картографски институт, Броштица – дел од Дебарски Санџак – е прикажан како село со 116 домаќинства и мешано население составено од Македонци, Македонци муслимани, Албанци и Турци.Етнографска карта на Битолскиот вилает (каталози на населби, забелешки и карта во четири дела).  Скопје, Каламус, 2017. ISBN 978-608-4646-23-5. с. 44.  Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Броштица имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 184-185.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.

Селото е средно по големина, но со пораст на бројот на населението. Во 1961 година, селото броело 533 жители, од кои 500 се изјасниле како Турци, а 30 жители Албанци, додека во 1994 година бројот се зголемил на 718 жители, од кои 499 биле Македонци, 128 Турци и 90 други.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 748 жители, од кои се изјасниле:Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X 622 Македонци, 124 Турци и 2 останати.

Целосното муслиманското население на селото се Македонци муслимани, но поради политичко-религиски причини се пишале како Турци. Во тој однос, треба да се напомене дека селото е населено исклучиво со Македонци, бидејќи жителите попишани како Турци се всушност Македонци муслимани како и сите останати жители на селото. Доказ за тоа е наглата промена во изјаснувањето на жителите како Македонци и Турци.

Според мајчин јазик, населението се изјаснило:

мајчин јазикВкупномакедонски663турски84останати1

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 393 жители, од кои 146 Македонци, 6 Албанци, 165 Турци, 28 останати и 48 лица без податоци.

Родови

Броштица е македонско село, поделено на муслимани и православни.

Според истражувањата од 1954 година родови во селото:

Македонски родови: Православни родови: Староседелци: Трипуновци (1 к.), од нив има иселеници во Софија (две семејства) и во Скопје (три семејства). Муслимански родови: Староседелци: ’Рковци (89 к.), живеат во месноста ’Рковци. И се делат на Ризвановци (6 к.), Демовци (1 к.), Лазимовци (3 к.), Амдаовци (3 к.), Етемовци (3 к.), Суловци (1 к.), Изеировци (1 к.), Љушковци (1 к.), Абдијовци (2 к.), Салијовци (1 к.), Рустемовци или Алијовци (4 к.), Насувовци и Зендовци (5 к.), Абазовци (8 к.), Дилевци (7 к.), Билаловци (6 к.), Ајдиновци (3 к.), Османовци (2 к.), Адемовци (7 к.), Емровци (7 к.), Јонузовци (4 к.), Мемедовци (1 к.), Елмазовци (2 к.), Даутовци (1 к.), Маловци (1 к.), Лимановци (2 к.), Шурдовци (3 к.) и Бавтовци (3 к.). Доселеници: Селимовци (2 к.), доселени се околу 1882 година од Макелари во Горен Дебар, денес Албанија; Муратовци (1 к.), доселени се околу 1904 година од селото Праленик.

Иселеништво

Од Броштица има огромен број на иселено население, пред сè Македонци православни.

Целосно се иселени голем број на македонски православни родови, и тоа: Атанасовци, Костовци или Ристевци, Веловци, Гагановци, Дојчиновци, Стојановци, Аврамовци, Петковци, Калевци или Куновци, Танчевци, Тримовци, Манчевци, Силковци, Поповци, Гавриловци и Јовковци или Василовци. Потомци на постарите иселеници од Броштица има на многу места, но највеќе се иселени во Скопје (населбата Ѓорче Петров), каде има преку 50 семејства. Други иселеници од Броштица има во Бугарија (7 семејства), највеќе во Софија. Нешто иселеници има и во Дебар и Битола.

Од Торбешите иселеници има во Штип, Скопје, Иванковци кај Велес. А од таму во Турција. Потоа од денешните родови во Турција.

Општествени установи

мини|300п|десно|Поглед на училиштето

Основно училиште „Мустафа Кемал Ататурк“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ - Центар Жупа Амбуланта

Самоуправа и политика

Кон крајот на век, Броштица било село во Дебарската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Папрадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0558 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 806 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 844 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта Стара Куќа — средновековна населба; и Црквиште — средновековна црква и некропола.

Цркви Црква „Св. Димитриј“ — единствена преостаната црква од трите историски во селото. Потекнува од 1868 година.

Џамии Џамија — главна селска џамија

Реки Броштица — река низ селото

Личности

Родени во или по потекло од Броштица Андон Maнчевски (1929-2004) — македонски невропсихијатар, доајен на македонската пcихијатрија. Основоположник на екстрахоспиталната дејност во Македонија; Вељо Манчевски (1905-1962) — партизан и деец на НОВМ; Кирил Манчевски (1935-1974) — познат македонски изведувач на народни песни; Богојче Спасовски (1924-1944) — партизан и деец на НОВМ; и Димитар Ставревски (1926-1944) — партизан и деец на НОВМ.

Галерија

Поврзано Општина Центар Жупа Дебар Дебарска Жупа

Наводи

Надворешни врски

Во Броштица муслиманите за здравје палат свеќи во православна црква - репортажа за селото во Нова Македонија (сабота, 14 април 2012)

Категорија:Села во Македонија Категорија:Дебарски села Категорија:Села во Општина Центар Жупа