Мал Папрадник — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Селото главно е населено со Македонци муслимани, но поради политичко-религиски причини дел од нив се изјасниле како Турци.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Центар Жупа, сместено во областа Дебарска Жупа. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 700 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 9 километри.

До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 2249.

Историја

Подрачјето на Мал Папрадник е населено уште од римско време, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 3 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 139 хектари, на шумите отпаѓаат 77 хектари, а на пасиштата 70 хектари.

Селото, во основа, има полјоделска функција.

Население

Според отоманските дефтери од 1520-тите, во 16. села поврзани со Кала-и Коџаџик (сите денешни села на Центар Жупа) немало муслиманско население. Сепак, муслиманското население се зголемило во подоцнежните години. Ова најверојатно било дел од исламизацијата на Македонија под турска власт.367 NUMARALI MUHÂSEBE-İ VİLÂYET-İ RÛM-İLİ DEFTERİ İLE 94 ve 1078 NUMARALI AVLONYA LİVÂSI TAHRÎR DEFTERLERİ (926-1520/937-1530) "Во тахрирот од 1520-1530 година: Dizdār, nefer 1 Kethudā, nefer 1 İmām, nefer 1 Merdān-ı kal‘a, neferan 28 Kurā 16 Mezra‘a 1 Hāne-i müslim 1 Mücerred-i müslim 1 Hāne-i gebrān (Христијанин) 635 Mücerred-i gebrān 67 Bīve 26 Hāsıl 47.035 Според дефтерот Тахрир, Коџаџик и неговите села во 1530 година биле 1-Kocacık kl. 2- Gorenci 3-Pariş 4-Boroşiniçe 5-Çirnibok 6-Yukarı Papranik 7-Aşağı Papranik 8-Koçişte 9-Breştani 10-Novak 11-Aşağı Elişiçe 12-Gorna Elişiçe 13-Osolniçe 14-Porovalenik 15-Vilasik 16-Tırnovnik"

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 20 домаќинства со 44 жители муслимани (Македонци).„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мал Папрадник живееле 450 жители, од кои 50 жители Македонци христијани и 400 Македонци муслимани.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 261. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мал Папрадник имало 24 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.

Селото е средно по големина, но со значителн пораст на бројот на населението. Така, во 1961 година имало 434 жители, од кои 426 биле Турци, пет Албанци и двајца жители Македонци, а во 1994 година бројот се зголемил на 753 жители, од кои 631 Турчин, 109 Македонци и 13 останати.

Според пописот од 2002 година, селото Мал Папрадник броело 486 жители, од кои 25 Македонци, 455 Турци и 6 останати.

Целосното муслиманското население на селото се Македонци муслимани, но поради политичко-религиски причини се пишале како Турци. Во тој однос, треба да се напомене дека селото е населено исклучиво со Македонци, бидејќи жителите попишани како Турци се всушност Македонци муслимани како и сите останати жители на селото. Доказ за тоа е наглата промена во изјаснувањето на жителите како Македонци и Турци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 169 жители, од кои 5 Македонци, 125 Турци, 2 останати и 37 лица без податоци.

Родови

Мал Папрадник е торбешко (македонско-муслиманско село).

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото: Македонски родови: Муслимански родови: Староседелци: Скендеровци (15 к.). Доселеници: Нуровци или Тосковци (7 к.), доселени во 1825 година од селото Праленик; Корановци (9 к.), доселени во 1840 година од селото Голем Папрадник; Фератовци со Мазниковци (28 к.), доселени во 1855 година од селото Праленик; Имеровци (1 к.), доселени во 1856 година од селото Отишани во Голо Брдо, подалечно потекло од селото Тучепи во албанскиот дел од Голо Брдо; Шкретовци (2 к.), доселени во 1850 година од селото Мелани крај Пешкопеја во долен Дебар, предците им биле православни; Головци (5 к.), доселени во 1865 година од селото Коџаџик, таму припаѓале на родот Голалар, во селото зборат на македонски; Мерсијовци (1 к.), доселени во 1918 година од селото Житинени.

Иселеништво

До 1954 година од селото има иселување во Турција (13 семејства) и тоа во Лиле Бургас, Измир, Бергама, Одрин, Истанбул, Мелемен, а некои и во Албанија, Дебар и во Зелениково.

Самоуправа и политика

Кон крајот на век, Мал Папрадник било село во Дебарската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Папрадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0563 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Центар Жупа.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 903 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 936 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта Баја Дол — гроб од римско време; Бутина — средновековна црква и некропола; Калуѓерица — средновековна црква и некропола; Купчеи Дрва — средновековна црква и некропола; Јамбол — црква од доцниот среден век; Рамниште — средновековна некропола; и Цутина — средновековна населба и некропола.

Џамии Џамија — главна селска џамија

Споменици Споменик за загинати борци во НОБ

Реки Папрадничка Река — река низ селото

Галерија

Поврзано Општина Центар Жупа Дебар Дебарска Жупа

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Дебарски села Категорија:Села во Општина Центар Жупа