Бањане (се користи и Бањани) — село во Општина Чучер-Сандево, во областа Црногорија, во околината на градот Скопје.
Потекло на името
Селото е споменато под името Бањане во 1308 година. Се верува дека неговото име доаѓа од бања и наставката -ане, со значење „луѓе дојдени од Бања“. Во минатото селото било создадено околу изворот Бања, но поради бигорливата вода народот се разболел и го преместил селото на сегашното место.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Поглед на селата Глуво, Бањане и Мирковци (селото се наоѓа во најлевиот дел од фотографијата)
Селото се наоѓа во северниот дел на Скопската Котлина, на територијата на Општина Чучер-Сандево, под југозападната падина на Скопска Црна Гора. Селото е ридско, на надморска височина од 500 метри. Од градот Скопје, селото е оддалечено 15 километри.
Бањане има одлична местоположба и атарот изобилува со шуми и пасишта во северниот дел, а во јужниот дел се наоѓа обработливо земјиште. Низ него поминува и Бањанска Река. Мештаните со вода за пиење се снабдувале од бунари, пумпи и чешми.
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Крепје или Рид, Барница, Средни Рид, Сливовиќ, Састанци, Спас, Шупљи Камен, Доњи Забел, Свињачки Дол, Крна Глава, Јама, Појата, Брдарица, Трника, Марков Камен, Петров Камен, Мојсовац, Ѓорѓијов Гроб, Гнојине, Широка Нива, Капавац, Крс, Мавала, Рупа, Грамада, Бања, Подселац и Јаз.
Селото има збиен тип, со што куќите една на друга се наслонуваат, а низ нив поминуваат мали сокаци. Во маалата куќите се групирани по родови.
Бањане отсекогаш се сметало за едно од најважните села во областа на Скопска Црна Гора, веднаш зад поголемите Кучевиште и Љубанци.
Околни села се Горњане и Чучер од запад, Кучевиште од исток и Глуво/Бразда од југ.
Историја
мини|300п|десно|Бањане во 1919 година
Бањане се смета за стара населба во областа на Скопска Црна Гора. Првпат е споменато на почетокот на век, кога кралот Милутин го споменил во една од своите грамоти во периодот 1302-1308. Селото било сопственост на познатиот средновековен манастир „Св. Никита“. Второто споменување на селото е од век, кога на 9 февруари 1445 година Иса-бег го предал на својата Алаџа-џамија во Скопје.
Преданието наведува дека селото првин се наоѓало илјада метри источно од денешната местоположба околу карстниот извор Бања или Дуло, односно под ридот Крепје. Таму се наоѓала голема населба од 500 словенски куќи. Самото име на селото потекнува од тој извор. Сепак, од таму селаните морале да избегаат поради некој зулум, најверојатно кон крајот на век. На тоа селиште има одредени остатоци од старини, најмногу од куќи и гробови, а постои и црквиште „Св. Мина“.
Селото не било преместено наеднаш, туку домаќинствата се селеле повеќепати. Предците на денешните староседелски родови потекнуваат од тоа селиште. Некои христијани се преселиле и во денешното албанско село Блаце, каде порано имало словенско население. Од тие родови потекнува големиот исламизиран род Ковачи.
Во близина на селото се наоѓа возвишението Тромеѓа, каде се наоѓа средновековниот манастир „Св. Никита“. Околу него се наоѓаат селата Горњане, Чучер и Бањане, поради што бројни автори, манастирот го одредуваат на едно од селата.
Според бугарските извори, во селото се доселиле српски доселеници во периодот 1689-1739 година.Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 296.
Планинската падина над селото е доста блага, поради што во минатото дел од шумата бил исечен и земјиштето било наменето за ниви. На две места се наоѓале и мали населби познати како Букоо-рамна (или Букарана) и Св. Спас. Таму живееле родовите Попови, Коларови, Павчевиќи и Вуканови. Во селиштето Букоо-рамна се наоѓа црквиштето „Св. Јован“.
Селото трпело напади за време на турскиот период од страна на муслиманските жители и не добивало заштита од страна на државата.
Во век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската Каза во Отоманското Царство.
Во 1916 година, бугарската војска сакала да го запали селото.
Селото учествувало во НОБ со многубројни борци.
Стопанство
мини|300п|десно|Влезот во рудникот „Бањани“
Атарот на селото е голем и зафаќа простор од 15 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.915,1 хектар, на пасиштата отпаѓаат 301,1 хектар, а на обработливото земјиште 153 хектари.
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.
До крајот на турската власт во 1912 година, селото не било поделено на чифлици, а по Првата светска војна, селаните добиле плодна земја во самата котлина, околу селото Бардовци.
Околу селото се наоѓаат четири рударски окна, од кои порано се вадела железна руда. Денес, во селото работи рудникот „Бањане“, отворен во 1964 година, наменет за неметални минерални суровини.
Население
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 37 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 143 мажи христијани, со 31 новороденчe. Се проценува дека селото во тој период имало 348 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 668 жители.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бањане живееле 400 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 206 Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Бањане имало 600 жители, патријаршисти.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 114-115.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 700 Македонци.
Селото е средно по големина, со мало намалување на бројот на населението. Во 1961 година селото броело 687 жители, од кои 382 биле Македонци, а 293 Срби, додека во 1994 година имало 563 жители, од кои 324 се Срби, 221 Македонец и осум жители Роми.
Според пописот од 2002 година, во селото Бањане живееле 597 жители, од кои 294 Македонци, 288 Срби, 9 Роми, 1 Албанец и 5 останати.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 527 жители, од кои 255 Македонци, 215 Срби, 7 останати и 50 лица без податоци.
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Бањане:
Година Македонци Албанци Турци Роми Срби Вкупно 1948 — — — — — — — 800 1953 119 0 0 8 670 1 — 798 1961 382 0 5 — 293 7 — 687 1971 214 0 0 6 401 4 — 625 1981 400 0 0 5 224 31 — 660 1991 245 0 0 8 233 135 — 621 1994 221 0 0 8 324 10 — 563 2002 294 1 0 9 288 5 — 597 2021 255 0 0 0 215 7 50 527
* Извор: Државен завод за статистика на Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години Родови
Бањане е православно македонско-српско село. Неговите родови се староседелски и доселеници. Првите најпрвин живееле на селиштето околу изворот Бања, додека доселеници потекнуваат од повеќе места.
Родови во селото се: Староседелци: Башчиќевци се делат на Рајковчевци (8 к.) и Жежовциспоред друго предание доселени се од Драчево (6 к.) и Василковци (5 к.), од овој род бил Ѓоргија Башчиќевски, кој бил кмет на селото; Ковачевци (3 к.); Кировци (6 к.); Јазаџини (6 к.), Паунковци (3 к.), Царевци (3 к.) и Цигови (1 к.), порано претставувале еден род; Чакаловци (8 к.); Миличини (5 к.); Вујовци (6 к.); Шопкини (6 к.), Шаговци (5 к.) и Љубовчеви (2 к.), потекнуваат од ист предок. Доселеници: Поповци (10 к.), доселени се од местото Букоо-рамно на планината Скопска Црна Гора; Павчевци (5 к.), и тие се доселени од местото Букоо-рамно, една нивна гранка се вика Вукановци, го знаат следното родословие: Раде (жив на 64 г. во 1969 година) Перо-Додо-Стојко, од Букоо-рамно се доселил неговиот татко; Коларовци (9 к.), доселени се од местото Св. Спас на планината Скопска Црна Гора; Горанчани (7 к.), доселени се од денешното албанско село Горанце кај Качаничка Клисура; Крагујевци (5 к.), за нив некој наведува дека се доселени од околината на Крагуевац, Србија. Меѓутоа, тие имаат ниви на местото Св. Спас па најверојатно од таму се доселени; Бошковци (8 к.), доселени се од Велешко; Станковчевци (4 к.), доселени се од Чучер; Василевци (3 к.), доселени се од Горњане, каде припаѓале на родот Маринковци, чие понатамошно потекло е од денешното албанско село Ѓурѓевдол во Качаничката Клисура; Мутовци (4 к.), доселени се однекаде и Кајовци (13 к.), по потекло се од селото Ѓерекара во Биначка Морава. Во тоа село по кажување биле тројца браќа. Меѓутоа кога се вршело потурчување двајца браќа го примиле исламот, а едниот не сакал да го прими и избегал и се иселил во селото Горњане. Меѓутоа неговата куќа во Горњане изгорела и затоа се иселиле во селото Чучер. Во Чучер останале неговите два сина (денес 20 к.), додека третиот дошол во селото Бањане.
Во селото живеат и Костиќи (1 к.), православни Роми, доселени во 1968 година од Могила во областа на Биначка Морава.
Општествени установи
мини|300п|десно|Спомен-плоча за загинатите во НОБ во селото
Месна заедница
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Чучер-Сандево и која не била променета при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од тогашната Општина Чучер-Сандево.
Во периодот од 1962 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Кале.
Во периодот од 1955 до 1962 година, селото било дел од тогашната општина Бутељ. Потоа, оваа општината била распуштена и била префрлена во општината Кале.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Бразда, во која покрај селото Бањане, се наоѓале и селата Блаце, Бразда, Визбегово, Глуво, Горно Оризари, Горњане, Мирковци и Чучер. Во периодот 1950-1952, селото исто така било дел од некогашната општина Бразда, во која влегувале селата Бањане, Бразда, Глуво, Горњане, Мирковци, Оризари и Чучер.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2462 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 381 гласач.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Поглед на главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Бања — водовод од римско време; Дуло — вила рустика од доцноантичко време; и Св. Ѓорѓи — осамен наод од римско време.
Цркви Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква; Црква „Св. Илија“ — манастирска црква; Црква „Св. Богородица“ — манастирска црква; Црква „Св. Благовештение“ — средновековна црква, од 1514 година; Црква „Вознесение Христово“ — средновековна црква која е од век; и Црква „Св. Јован“ — стара црква во месноста Букоо-рамна.
Манастири Манастир „Св. Илија“ — манастир северно од селото покрај Бањанска Река; и Манастир „Св. Богородица“ — манастир северно од Бањане, сместен над Горњане.
Спомен-плочи Спомен-плоча за загинатите борци од НОБ
Реки Бањанска Река — планинска река, тече низ селото
Личности
Родени во Бањане Стефан Василев — борец во Балканските војни„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 114. Благоја Вујов (1901-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Бранислав М. Вујовски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Бојко Василевски (1921-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Бошко Чакалов (1925-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Бошко Шаговиќ (1909-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Ратко Шагов (1922-1946) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Краљо Т. Шаговски — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Војчо Коларовски (?-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ