Танушевци — село во Општина Чучер-Сандево, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 417 жители.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во северните предели на Скопска Црна Гора, во близина на врвот Копиљача. Селото се наоѓа скоро на самата македонско-косовска граница.

Историја Во век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската Каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 12 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 61 мажи муслимани, со 1 новороденче, а исто така и 5 доселени мажи од друго место. Се проценува дека селото во тој период имало 134 жители.

Во 1913 година, селото имало 428 жители. Било дел од Општина Бродец.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци.

Население

На пописот од 2002 година, селото имало 417 жители, од кои 409 Албанци и 8 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 304 жители, од кои 212 Албанци и 92 лица без податоци.

Поврзано Скопска Црна Гора Општина Чучер-Сандево Чучер-Сандево

Наводи

Надворешни врски Сателитска снимка на Танушевци на Карти на Гугл