Цвиланце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба

мини|300п|десно|Воздушен поглед на маалата Забел и Гоѓинци

Селото се наоѓа во средишниот дел на подрачјето на Општина Старо Нагоричане, во ридско-планинската област Козјачија. Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 500 до 600 метри, а од градот Куманово е оддалечено 27 километри.

До селото води локален земјен пат, кој се исклучува од локалниот асфалтен пат за селото Бајловце, кој пак се двои од државниот пат А2 кај селото Војник.

Цвиланце е мало село, сместено десно од реката Петрошница, притока на Пчиња. Околни села се Бајловце на североисток, Канарево на југозапад, Добрача на запад и Брешко на исток. Водата за пиење доаѓа од бунари и од слаби извори, кои ги има во маалото Бељавци и во месноста Ливади.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Ковачева Нива, Црква, Бутулиновац, Кукуљаковац, Река, Братонеговац, Мечит, Крна Чука, Гола Рудина, Рсовац, Субунар, Бајловски Пат, Дулумџиски Рид, Зенаја, Плоча и Бандера, Рамниште, Забел, Голем и Мал Пиштарац, Осојна, Мала Осојна, Ливади, Присој, Лисица, Куќиште и Петрошница.

Селото има разбиен тип, поделено на 9 издвоени маала во кои главно живее еден род и главно се именувани по родовите.

Историја

На атарот на селото нема значајни остатоци од старини и тоа се смета за едно од поновите села во Кумановскиот крај. Постарите луѓе кажуваат дека селото било основано по основањето на поголемото соседно село Бајловце. Предците на денешните родови дошле од негде. Основачи на селото се родовите Бељаци, Вагинци, Гузинци, Ѓорчинци и други.

Најпрвин Цвиланце се наоѓало на дното на долината на Петрошница, на месноста Куќиште. На тоа место останало до средината на век, кога селото ја сменило положбата, но и својот тип. Мештаните ги основале денешните маала на местата каде имале свои ниви и сточарски трла.

Во Цвиланце е зачувано кажување дека од селото имало иселување во околината на Ниш, каде било основано село со истото име.

На границата на атарот со соседното Канарево се наоѓа мала црква „Св. Јован“, изградена во 1926 година. Црковна и селска слава на селото е Свети Јован летен, иако во минатото се прославувал Спасовден.

Стопанство

мини|300п|десно|Земјениот пат до селото

Атарот зафаќа простор од 6,5 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 427 хектари, а на обработливите површини отпаѓаат 198 хектари, додека шуми нема.

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Цвиланце живееле 300 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 216.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Цвиланце имало 176 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 128-129.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.

Цвиланце е мало село, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година имало 181 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 60 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Цвиланце имало 52 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 33 жители, од кои 27 Македонци и 6 лица без податоци.

Родови

Цвиланце е македонско село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски од 1971 година, родови во селото: Доселеници: Бељавци (5 к.), Ѓорчиновци (4 к.), Вагинци (3 к.), Гузинци (3 к.), Ѓуринци (2 к.), Коларци (2 к.), Колебенци (2 к.), Казаци (1 к.) и Марковци (1 к.), сите овие родови се доселени, но не знаат од каде се доселиле. Сите живеат во посебно маало. Најверојатно сите потекнуваат од заеднички предок; Белевци (5 к.), понови доселеници, кои исто така не знаат од каде дошле.

Иселеништво

Од Цвиланце иселувањето водело кон градовите Скопје и Куманово.

Родот Чунгурци (4 к.) се иселил во селото Војник.

Општествени установи

мини|300п|десно|Воздушен поглед на училиштето

Поранешно основно училиште, затворено во 1968 година Месна заедница

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Цвиланце било село во Кумановската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Куманово, додека во периодот 1955-1965 било во некогашната општина Старо Нагоричане.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Бајловце, во која покрај селото Цвиланце се наоѓале и селата Аљинце, Бајловце, Брешко, Добрача и Жељувино. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од некогашната општина Бајловце, во која влегувале селата Аљинце, Бајловце, Брешко, Жељувино и Цвиланце.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1167 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.

Културни и природни знаменитости

Цркви Црква „Св. Јован“ — селска црква, изградена во 1926 година.

Редовни настани

Слави Свети Јован летен — црковна и селска слава.

Личности

Родени во или по потекло од Цвиланце Јорданка Ванкова — учесник во НОВ на Македонија; и Здравка Стојанова Георгиевска — учесник во НОВ на Македонија.

Наводи

Поврзано Козјачија Општина Старо Нагоричане Куманово

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Старо Нагоричане