Цилпих (герм. Zülpich) — град во покраината Северна Рајна-Вестфалија, Германија, помеѓу градовите Ахен и Бон. Административно му припаѓа на округот Ојскирхен.
Историска важност На подрачјето на градот се одиграла познатата Битка кај Толбијак (тогашно име на местото)изведено од лат. Tulpiacum помеѓу Франките предводени од Хлодовик I и Алеманите. Традиционално се дава 496 г., но современите историчари сметаат дека битката се случила во 506 г. Битката е овековечена во Париз со име на улица и станица на париското метро.
Збратимени градови Блај, Франција Кангасала, Финска Елст, Холандија
Надворешни врски
Портал на градот Цилпих
Наводи
Категорија:Градови во Северна Рајна-Вестфалија Категорија:Ојскирхен (округ)