Џепин — село во областа Струшко Поле, во Општина Струга, во околината на градот Струга.

Потекло и значење на името

Името на селото првпат е забележано како Жепин во турски документи од век (1583 г.). Низ годините се споменува под слични варијанти. Доаѓа од албанскиот изговор за Џепина или Жепина, што пак се поврзува со топографскиот словенски апелатив „жепа“ со значење „вид на возвишение“.

Според Јован Трифуноски, селото го добило своето име по големиот извор кај самото село.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во источниот дел на Струшкото Поле и во крајниот источен дел на Општина Струга. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 720 метри. Од градот Струга селото е оддалечено околу 5 километри во североисточна насока.

До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2243 и до него може да се стигне преку селото Делогожди или преку селото Корошишта.

Џепин е мало село покрај истоимениот карстен извор. Изворот извира во јужното подножје на Караорман, под варовничкиот гребен Краста. Во непосредна близина се двете поголеми села — Корошишта на исток и Делогожди на запад. Некои од куќите на исток се доста приближени до соседното Корошишта. Мештаните го користат изворот за вода за пиење, но имаат и бунари.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Под-Краста, Краста, Каљаја („Кале“, на граница со Корошишта), Црско, Заблаќе, Плитник и Коџовица.

Селото има збиен тип и не се дели на маала бидејќи е доста мало и едноставно. Сепак, роднинските куќи се групирани и се поблиску една до друга.

Историја

Некогаш постоело старо село во кое живеело словенско-христијанско население. Куќите на тие жители биле покрај изворот од неговата северна страна. Денешните мештани кажуваат дека „старото село било над патот“, кој води помеѓу Корошишта и Делогожди. Тоа место се нарекува Под-Краста, каде се ископувале остатоци на куќни ѕидови и парчиња стара керамиди.

Се пренесува дека првичното село било поголемо од денешното. Меѓутоа, еднаш за време на турската власт, тоа село било растурено „од крв“. Денес, никој не знае кога тоа се случило и каде заминале неговите жители. По она што се знае за соседните села — Корошишта и Делогожди, тоа може да се случило во втората половина на век. Тогаш, се иселиле македонските родови од овие села поради доселувањата на Албанците. Стар Џепин имал и своја црква, која се наоѓала на местото на џамијата подигната во 1976 година.

Во соседното низинско село Ливада постоело седиште на големиот чифлиг со кула, чиј сопственик бил дебарскиот бег Пустиња. Чифлигот го имал во посед плодното поле до Корошишта, Џепин и Делогожди. Полето на денешното село тогаш било мочурливо и на него имало ливади. Денешното село потекнува од 1910 година кога го обновиле Албанци доселени од соседното Делогожди.

Во Џепин постои значајниот истоимен извор, чија вода некогаш се користела и за воденици, но и за наводнување на полето, како и за вода за пиење за другите села (Корошишта, Делогожди, Ливада, Биџево, Ложани и други).

Стопанство

Атарот му е заеднички со соседното село Корошишта и зафаќа простор од 7,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 361 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 269 хектари, а на пасиштата 182 хектари.

Во минатото, земјоделството било главно занимање на мештаните, но чувале и говеда. Во поново време, мештаните одат на привремена работа во странство, главно во Германија.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Џепин живееле 12 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 253.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Албанци.

Селото е мало и е населено со албанско население. Тоа, во 1961 година броело 144 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 345 жители.

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Џепин, бидејќи неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.

Според пописот од 2002 година, селото броело 424 жители, од кои 423 Албанци и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 122 жители, од кои 119 Албанци и 3 лица без податоци.

Родови

Денес, во селото живее албанско муслиманско население.

Според истражувањата на Јован Трифуноски од 1980 година, родови во селото: Бафтијари (5 к.) и Камбери (3 к.), доселени се од соседното село Делогожди, тие се први доселеници околу 1910 година; Велију (13 к.), доселени се исто така од Делогожди, одма после претходните родови, го знаат следното родословие: Верит (жив, 65 години во 1980 г.)-Реџеп-Емин-Велију, основачот на родот кој се доселил. Нивното подалечно потекло е од Дебарско. Најпрвин се доселиле во Поум, па потоа преминале во Делогожди и на крај во Џепин; Делогождани (7 к.), Корошиштани (4 к.) и Песочани (2 к.). Првите се доселени од селото Делогожди, вторите од селото Корошишта, а третите од селото Песочани, Дебрца.

Иселеништво

Не се знае каде се иселени претходните христијански жители на селото, што се случило во век.

Општествени установи

мини|300п|десно|Поглед на основното училиште

Подрачно основно училиште „Нури Мазари“, петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Нури Мазари“ - Делогожди

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Џепин било село во Охридската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Делогожди.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Мешеишта, во која покрај селото Џепин, се наоѓале и селата Климештани, Корошишта и Мешеишта. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната општина Делогожди, во која влегувале селата Богојци, Горно Татеши, Долно Татеши, Корошишта, Тоска и Џепин.

Избирачко место

мини|300п|десно|Воздушен поглед на селската џамија

Во селото постои избирачкото место бр. 1903 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.

Културни и природни знаменитости

Цркви Во минатото во селото постоела црква, кај денешната џамија.

Џамии Џамија — главна селска џамија.

Поврзано Општина Струга Струшко Поле

Наводи

Забелешки

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Струшки села Категорија:Села во Општина Струга