Ел Алто (шпански за „висок“, „височина“) е град и општина во Боливија. Градот се наоѓа во департманот Ла Пас, на висорамнината Алтиплано. Градот е дел од метрополитенската област Ла Пас. Денес тој е е еден од најбро растечките градови во државата со население од 1.184.942 жители во 2010 година, што го прави втор по големина во државата. На пописот од 2001 година градот имал 647.350 жители.

Особености Ел Алто се наоѓа на надморска височина од 4.070 метри и тоа го прави еден од највисоките позначајни градови во светот. Во градот преовладува ладната клима, која достигнува до 17 степени во летниот период. Поради трендот на миграција село-град во Боливија, Ел Алто станал еден од најбрзо растечките градови во Боливија.

Ел Алто е еден од најголемите градови во Латинска Америка каде има бројно староседелско население. Се проценува дека околу 76% од населението на градот се Ајмари, 9% се Кечуани, 15% се мешани и околу 1% се белци.

Наводи

www.ine.gob.bo

Дополнителни информации Lazar, Sian (2008), El Alto, Rebel City, Duke University Press, ISBN 978-0-8223-4154-3

Поврзано

Градови во Боливија Ла Пас Боливија

Надворешни врски

Време во Ел Алто Ел Алто, Боливија Ел Алто, Боливија Национален институт за статистика на Боливија

Категорија:Градови во Боливија Категорија:Населени места основани во 1985 година