Памир — планински венец во средна Азија што го образува вкрстувањето на Хималаите, Тјеншан, Каракорум, Кунлун и Хиндукуш. Се вбројува меѓу највисоките планини на светот и го носи прекарот „Покривот на светот“ (веројатно превод од персиски).PAMIRS - Енциклопедија Британика, XI изд. (1911)
На други јазици, венецот се нарекува: ; Реште Кух-хаје Памир; ; ; ; ; ; (мктр: „Цунглинг“),水經注 (цитирајќи од 西河舊事: ”蔥嶺在敦煌西八千里,其山高大,上生蔥,故曰蔥嶺也。“ но денес почесто 帕米尔 („Памиар“).
Кои сè планини влегуваат во венецот зависи од тоа како се сметаат оние што се надоврзуваат на други масиви.Памир - Голема советска енциклопедија Планините се протегаат претежно во Горнобадахшанската автономна област на Таџикистан и покраината Бадахшан во Авганистан. На север тие продолжуваат во масивот Тјеншан долж Алајската Долина во Киргистан. На југ се спојуваат со Хиндукуш по должината на Ваханскиот Коридор во Авганистан и Гилгит–Балтистан во Пакистан. На исток завршуваат на границата со Кина, но може да се смета и дека навлегуваат во венецот на Конгур, кој понекогаш се смета за составен дел на Кунлун.
Географија Трите највисоки планини на Памир се Исмаил Самани („Сталинов Врв“ од 1932 до 1962 и „Врв на Комунизмот“ до 1998), со висина од 7.495 м; Ибн Сина (и денес неофицијално познат како „Ленинов Врв“), со висина од 7.134 м; и Корженевскаја, висок 7.105 м.„Таџикистан: 15 години независност“, Душанбе, 2006, стр. 8
На планините има доста ледници како што е Федченковиот Ледник долг 77 км, најдолг во некогашниот СССР и најдолг во светот вон поларните региони.Orographic Sketch Map: Karakoram: Sheets 1 and 2, Swiss Foundation for Alpine Research, Zurich, 1990
За првпат Македонци ја искачиле оваа планина во 1984 година, кога Македонската Алпинистичка експедиција „Памир '84“ во чиј состав биле алпинистите: Димитар Илиевски, Слободан Јованоски, Борче Јовчевски, Ѓорѓи Костовски, Благојче Лазаров и Јован Попоски направила искачување на врвовите Пик Четворјох, НКВД и Пик Комунизам.
Клима мини|десно|250п|Ливада на Памир на пролет Планините се прекриени со снег во текот на целата година и се одликуваат со долги и многу студени зими и кратки, свежи лета. Годишното количество на атмосферски врнежи изнесува околу 130 мм, што значи дека вегетација е степска и има мошне малку дрва.
Стопанско значење Главна стопанска во подрачјето е овчарството, кое се одвива по планинските пасишта. Покрај ова, во западниот дел се експлоатира и јаглен.
Стратешка положба Памир во историјата играл значајна улога во караванскиот сообраќај меѓу Кашгар и Коканд по Северниот пат на свилата и затоа бил повод за чести борби за превласт над регионот. Северниот пат на свилата (долг 2.600 км) ја поврзувал древната кинеска престолнина Сиан со западните краишта преку Памир, и водел до Кашгар, а потоа сè до Партија. XX век бележи разни поважни настани во регионот. Тука се одвивала Таџикистанската граѓанска војна и се водел граничниот спор помеѓу Кина и СССР (1991). Подоцна во подрачјето се воспоставени воени бази на САД, Русија и Индија, а во поново време постои поголем интерес за развој на трговијата и искористувањето на природните ресурси.
Поврзано Памирски јазици Список на највисоки планини Средна Азија
Наводи
Надворешни врски
Туристичко здружение на Памир Младински хостел „Кашгар Памир“ Juldu.com - планинарски портал за Памир во Вахан и Авганистан
Категорија:Планински венци во Кина Категорија:Планини во Авганистан Категорија:Планински венци во Пакистан Категорија:Планински венци во Киргистан Категорија:Планински венци во Азија Категорија:Планини во Азија Категорија:Средна Азија