Пресвета Богородица Перивлепта (Пресвета Богородица Севидна) — црква наоѓа во градот Охрид, изградена пред 1295 година. Таа била соборна црква на Охридската архиепископија од 15 до 18 век, и денес ѝ припаѓа на Дебарско-кичевската епархија.

Историја лево|мини|610x610px|Натписот од 1295 година

Од натписот што се наоѓа на западниот влез од нартексот , се дознава дека ктитор на црквата бил византискиот војсководец и намесник Прогон Згур, роднина на царот Андроник II Палеолог. Исто така се дознава дека црквата е посветана на Света Богородица и дека годината на „подигањето“, односно живописот на црквата е 1295.

мини|лево|Фреска на Св. Климент Охридски од црквата Подоцнежните историски податоци зборуваат за големиот углед што го имала црквата во текот на 15 век, особено кога регионот се наоѓал во составот на Османлиското Царство. Деволскиот епископ Григориј ја соѕидал и ја живописал (1364-1365) северната капела (посветена на Григориј Богослов), а потоа била соѕидана јужната капела (посветена на Свети Никола) и отворениот трем околу црквата каде што се насликани портретите на некои ктитори и на други современи историски личности.

Во времето кога Турците Климентовата црква Свети Пантелејмон ја претвориле во џамија, моштите на светителот - Климент Охридски, најпрво биле пренесени во црквата Мал Свети Климент, а потоа во Света Богородица Севидна, по што народот едноставно името на црквата го преименувал во Свети Климент.

Оваа црква, во времето по претворањето на соборната црква Света Софија во џамија, станала соборен храм на Охридската архиепископија. Голем број на црковни предмети, икони и книги биле пренесени во оваа црква. Се знае дека во рамките на црквата имало голема архиепископска библиотека со ракописи на пергамент од XI и XII век, како и стари музички нотации од византиското црковно пеење. Нешто од тоа богатство на предмети е сочувано и денес, но за жал поголемиот број, со пустошењата на кои бил подложен Охрид и охриѓани, засекогаш се оттргнати од местото на кое му припаѓале. Исто така околу храмот имало голем манастирски комплекс, а во непосредна близина била подигната архиепископска палата која кон средината на XIX век изгорела. Црквата го носи и називот „Голема црква“, затоа што била соборна црква на Охридската архиепископија.

Архитектура thumb|мини|Фрескоживопис во олтарниот дел на црквата Црквата има основа на византиските куполни цркви со впишан крст во правоаголен простор. Куполата во наосот се потпира врз четири слободни столба, а слепа слепата купола во нартексот на четири пиластри. Ѕидана е од камен, бигор и тули, а со нивна комбинација се подигнати различни декоративни површини (меандер, шаховско поле, рибина коска). Овој начин на ѕидање се заснова врз традицијата пренесена од византиската метропола, но црквата Богородица Привлептос, како и некои други во Македонија, укажуваат и на непосредни врски со градителството од 13 век во Епир.

Камбанарија Камбанаријата била изградена во 1923 година како дар од светски познатиот научник Михајло Пупин. Ѕвоното за камбанаријата, тешко 3 тони, било излиено во Љубљана. Со чајничето пристигнало на Железничката станица во Охрид, а оттаму до црквата било пренесено со кола што ја влечеле 12 ѕевгари волови. На ѕвоното била изгравирана икона со ликот на Св. Климент Охридски (второто име на црквата). Камбанаријата била свечено пуштена во употреба на 7 јули 1923 година.

Објектот е висок и масивен, поставен на северната страна од црковниот двор. Изграден е со комбинација од камен и тула, што визуелно се вклопува во византискиот стил на самата црква.

Во 2015 година биле извршени реставраторски зафати на објкетот со кои биле опфатени промена на покривната конструкција и на покривниот покривач, како и превентивни мерки за санација на неговите фасади.

Значење за историјата на уметноста Извонредните уметнички вредности на фреско-декорацијата и ризницата од икони на оваа црква заземаат истакнато место во науката. Врз основа на откриените потписи се знае дека фреските во 1295 ги извеле сликарите Михаил Астрапа и Евтихиј. Тоа се проминентни личности на ликовното творештво од крајот на 13 век и првите децении на 14 век на Балканот, а нивните дела по уметничкиот квалитет се рамни на современите остварувања во византиската културна метропола.

Извор

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Катедрали во Македонија Категорија:Цркви во Охрид Категорија:Цркви во Општина Охрид Категорија:Цркви на Македонската православна црква