Алистрати или Алистраги — некогашно село во Општина Дебрца, во околината на селото Требеништа.

Географија Селото се наоѓало во атарот на денешно с. Требеништа, источно од селото во насока на Ливоишта. Месноста денес е позната меѓу жителите како Али Страги.

Историја Селото е заведено во турски документи од крајот на XVI век. Во опширниот дефтер за Охридската нахија од 1536 до 1539 г. селото се води како Ахи Страник со 12 христијански семејства и 1 ерген. Во дефтерот од 1582-1583 г. се води како Ахи Испраник со 11 христијански семејства и 1 имот.

Во XIX век селото имало целосно Македонско население. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Алистрати се споменува двапати — еднаш како Ali-strati со 5 домаќинства и 18 жители Македонци„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 100-101. и вторпат како Alistrati, со 12 домаќинства и 48 Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 104-105.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Алистрати имал 50 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 253.

Поврзано Дебрца Требеништа

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Историски села во Македонија † † Категорија:Требеништа