Грефентал () — мал град во округот Залфелд-Рудолштат, во сојузната покраина Тирингија, Германија.
Географија
Градот Грефентал се наоѓа во странична долина на Локвиц, притока на Зале. Грефентал е опкружен од Тириншките Шкрилни Планини. Планините во областа се издигнуваат до 800 метри. Западно од Грефентал се наоѓа Нојхаус на Ренвег, додека источно се наоѓа Пробсцела.
Соседни општини
Градот се граничи со следниве места (почнувајќи од север, надесно): Залфелд, Пробсцела, Лудвигсштат, Тетау, Зонеберг и Нојхаус на Ренвег.
Градски единици
Грефентал се состои од следниве осум единици:
Бухбах Кројниц Геберсдорф Грефентал со градскиот четврт Мернах Гроснојндорф Лихтенхајн Липелсдорф Зомерсдорф
Историја
Во 1288 година градот бил првпат споменат. Најголем дел од својата историја припаѓал на различни кнезови од династијата Ернестин.
Политика Градски совет
Градскиот совет на градот Грефентал се состои од 12 членови. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:
Доброволна противпожарна бригада/Граѓанска иницијатива (FFW/BI): 8 места Селски сојузи (DV): 2 места CDU: 2 места
Градоначалник
Градоначалник на Грефентал е Волфганг Вер од 1 јули 2018 година.
Градби
Замок Веспенштајн Музеј за границата и татковината Грефентал (Grenz- und Heimatmuseum Gräfenthal) Градска црква Железнички вијадукт
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Залфелд-Рудолштат