Рудолштат (разговорно: Ролшт; , Rolscht; Руделштат, тириншки: Rudelstadt) — град во округот Залфелд-Рудолштат, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Поранешната кнежевска резиденција Рудолштат е изградена долж реката Зале во широката долина опкружена со шуми.
Градот бил основан во 776 година, а го стекнал правото на град во 1326 година. Знаменитост на градот е замокот Хајдексбург, кој е поставен на рид над стариот град. Рудолштат станал популарен преку камените блокови на компанијата за играчки Рихтер и фабриките за порцелан, почнувајќи со основањето на Фолкштет во 1762 година. Од 1599 до 1920 година градот бил главен град на Шварцбург-Рудолштат.
Географија
Рудолштат се наоѓа во долина на реката Зале. На север и зпаад од градот се наоѓа рамници познати како Илм-Зале, на југ започнуваат Тириншките Шкрилни Планини, а источно од градот се наоѓа Хинтере Хајде, кој со Хаусберг (481 м.) доминира. Додека градското јадро се наоѓа на околу 200 метри, одредени градски единици се наоѓаат помеѓу 300 и 400 метри. Во местото Шварца се влива истоимената река во Зале.
Градски единици
Рудолштат е поделен на 24 единици. Покрај градското јадро во него влегуваат следниве села:
Амелштет (1350) Брајтенхерда (1294) Кумбах (1327) Ајхфелд (1074) Ешдорф (1372) Гајтерсдорф (1372) Хауфелд (802–817) Хајлсберг (822–826) Кајлхау (1306) Лихштет (со Грошвиц; 1275) Милбиц (1350) Мерла (1417) Оберпрајлип (1074) Пфланцвирбах (1295) Ремда (со Алтремда и Кирхремда) Шала (со Шварценсхоф; 1071) Шварца (1074) Зундремда (750–779) Тајхел (1076) Тајхреда (1334) Трепендорф (874) Унтерпрајлип (1074) Фолкштет (842–856)
Во заградите е годината на прво споменување.Wolfgang Kahl: Ersterwähnung Thüringer Städte und Dörfer. Ein Handbuch. 5., verbesserte und wesentlich erweiterte Auflage. Rockstuhl, Bad Langensalza 2010, ISBN 978-3-86777-202-0, S. 257, 300, 51, 184, 246, 218, 140, 65, 164, 208, 295.
Фолкштет, Шварца, Мерла и Кумбах образуваат заедно со градското јадро една урбана целина, додека другите места се оддалечени.
Соседни општини
Соседни општини се следниве (почнувајќи од север, надесно): Бланкенхајн, Улштет-Кирххазел, Унтервеленборн, Залфелд, Бад Бланкенбург, Кенигзе, Штатилм, Ритерсдорф и Бад Берка.
Политика Градски совет
Градскиот совет на градот Бад Бланкенбург се состои од 30 членови. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:
Партија Места Разлика BfR* 8 ± 0 AfD 7 + 7 CDU 5 − 2 SPD 4 − 1 LINKE 3 − 2 GRÜNE 1 − 1 FDP 1 ± 0 Слободни гласачи 1 − 1 *: Граѓани за РудолштатРазлика: во однос на изборите во 2014 година
Збратимени градови
Рудолштат е збратимен со следниве градови:Website Rudolstadt , abgerufen am 24. Oktober 2018 Бајројт, Германија Летеркени, Ирска
Познати луѓе Ханс Фалада — германски писател Франц Лист — унгарски композитор Рихард Вагнер — германски композитор Николо Паганини — италијански композитор Филип Хајнрих Ерлебах — германски композитор и хорист Ахасверус Фрич — германски поет и композитор Принцеза Ана Софи од Шварцбург-Рудолштат — баба на кралот Леополд во Белгија, прабаба на Алберт, принц на Велика Британија
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Залфелд-Рудолштат Категорија:Населени места основани во 8 век