Диор, позната и како Кристијан Диор СЕ (оригинален назив: Christian Dior SE ()) — француска компанија за луксузни производи, под раководство на стопанственикот Бернар Арно, воедно раководител и на LVMH (Луј Витон), најголемата луксузна групација во светот. Диор самите поседуваат 42% од акциите и 5% од акциите со право на глас во LVMH. Financière Jean Goujon, "a wholly owned subsidiary of Christian Dior", held 42.36% of capital and 59.01% of voting rights within the company at the end of 2010.
Основана во 1946 година од страна на истоимениот дизајнер Кристијан Диор, денес компанијата дизајнира и продава облека, кожни производи, модни додатоци, обувки, накит, часовници, парфем, шминка и производи за нега на кожата одржувајќи ја традицијата како творец на високата мода. Производите се продаваат преку ланецот продавници за малопродажба низ светот, како и преку нивната интернет продавница.
Meѓу многуте конкуренти на куќата Диор се и модните куќи: Шанел, Ив Сен Лоран, Гучи, Версаче, Прада.
Историја
Основање Куќата на Диор е отворена во 1946 во ПаризCompany History at Dior's website . Меѓутоа сегашната корпорација Диор како година на отворање ја прославува 1947 Компанијата Диор ја финансирал стопанственикот Марсел Бусак. Новата куќа за висока мода станала дел од текстилниот бизнис со кој Бусак веќе управувал. Капиталот бил 6 милиони и броел 80 вработени. И покрај репутацијата на Бусак, „дека држи се под контрола“ Кристијан Диор имал тогаш невообичаено голем удел во неговата истоимената марка (правно управување,неконтролирани акции во фирмата и една третина од профитот пред оданочување). Креативноста на г-дин Диор исто така му овозможила и убава плата.
New Look лево|мини|Модел 1947. Изложен во Москва во 2011.
На 12 февруари 1947, Диор ја промовирал својата прва модна колекција за пролет-лето 1947. Изложбата на „90 модели од неговата прва колекција на 6 кукли“ се прикажале во салоните на седиштето на компанијата. Првенствено првите две линии биле наречени „Corolle“ и „Huit“. Меѓутоа, новата колекција во модната историја останала позната како New Look. Одлика на оваа линија е тесна половина и долго здолниште кое паѓа под подколеницата, истакнувајќи ги колковите и градите."Christian Dior: "Bar" suit" (C.I.58.34.30_C.I.69.40) In Heilbrunn Timeline of Art History . New York: The Metropolitan Museum of Art, 2000–. http://www.metmuseum.org/toah/works-of-art/C.I.58.34.30_C.I.69.40. (October 2006) (Accessed 13 February 2014).
Во време на повоените забрани за ткаенина, Диор за своите творби користел околу 18 метри екстравагантни ткаенини. New Look станал многу популарен и влијаел на други дизајнери од педесеттите години. Како резултат на тоа, Диор добил значајни клиенти од Холивуд, САД и европската аристократија.
Париз кој по Втората светска војна ја изгубил својата позиција како главен град во светот на модата, повторно ја добил својата ценета позиција, а тоа делумно и благодарение на вниманието што го добил New Look на Диор.
Парфемите Диор Информациите кои се достапни за основањето на парфемите Кристијан Диор се контрадикторни. Сите тврдења се за периодот помеѓу 1947 и 1948. Компанијата Диор запишала дека основањето на парфемите Диор било во 1947, со промоцијата на првиот парфем Miss Dior. Диор направил револуција во индустријата со парфеми со лансирањето на многу популарниот парфем Miss Dior, именуван по Кетрин Диор, сестрата на Кристијан Диор.
Компанијата Диор поседувла 25%, менаџерот на парфемите Коти поседувал 35% а Бусак поседувал 40% од бизнисто со парфеми. Пјер Карден бил на чело на Диор од 1947 до 1950. Во 1948 во Њујорк била создадена посебната филијала за парфемите. Диор во 1949 исто така Њујорк, на аголот на 5тата Авенија, ја отворил и својата луксузна конфекциска куќа. Во 1949 лансиран е парфемот Diorama, а до 1949, The New Look сама остварила профит од 12,7 милиони.
Ширење на компанијата десно|мини|Ева Перон, прва дама на Аргентина во фустан Диор во1950
Ширењето од Франција започнало при крајот на 1949 година со отворањето на бутикот Кристијан Диор во Њујорк. До крајот на годината модата на Диор остварила 75% од модниот извоз на Париз и 5% од вкупниот приход од извозот на Франција. Во 1950, Жак Руе, генералниот менаџер на Диор, смислил лиценцирана програма за да се стави видливо веќе познатото име на Кристијан Диор на различни луксузни производи. Прво било ставено на вратоврски, а брзо потоа и на трикотажа, чорапи, крзно, капи, ракавици, чанти, накит, долна облека и шалови. Лиценцирањето се покажало како профитабилен потег и станало тренд кој и денес е актелен и го применуваат сите модни куќи. Исто така во 1950, Кристијан Диор бил ексклузивен дизајнер на фустаните на Марлен Дитрих во филмот Страв на сцена на Алфред Хичкок. Во 1951, Диор ја објавил својата прва книга Јас сум моден творец.
И покрај европските обожаватели на компанијата, во тоа време во САД се создавал повеќе од половина од приходот. Дел од моделите на Кристијан Диор биле изложени и во Лондон во 1952. Во 1953, била лансирана првата линија на чевли од Диор. До крајот на 1953 компанијата управувала со цврсто докажани локации во Мексико, Куба, Канада и Италија. Како што растела популарност на производите на Диор, така се зголемувал и бројот на фалсификатите. Овој нелегален бизниз го поддржувале жените кои не можеле да си ги дозволат луксузните производи. До средината на педесеттите куќата Диор управувала со многу ценета модна империја. Првиот бутик Диор бил отворен во 1954 година. Во чест на принцезата Маргарет и војвотката од Марлборо, модната ревија на Диор во 1954 се одржала во палатата Блемхајн. Кристијан Диор помеѓу 1954 и 1957 лансирал многу успешни модни линии. Сепак ниедна не беше блиску до силното влијаниe на New Look. Првиот кармин Диор бил промовиран во 1955. До десетгодишнината на компанијата, во 1956, биле продадени 100 000 парчиња облека. Кристијан Диор во 1956 создал 14 фустани за Ава Гарднер за филм на Марк Робинсон. На 4 март 1957 Кристијан Диор се појавил насловната страна на магазинот Тајм. Дизајнерот набргу потоа, во 1957, умрел од трет срцев удар. Волшебното влијание на креативната модна генијалност на Диор му донела препознатливост како една од најголемите личности во модната историја а неговото име станало синоним за вкус и луксуз.
Диор без Кристијан Диор (1957-1970-тите)
Ив Сен Лоран Смртта на главниот дизајнер ја ставила куќата на Диор во хаос а генералниот менаџер Жак Руе сакал да ги затвори филијалите ширум светот. Оваа опција не им се допадна на носителите на дозвола на Диор и на француската модна индустрија. Диор бил премногу важен за финансиската стабилност за индустијата да дозволи да се случи такво нешто. За да ја врати куќата на нозе, истата година Руе го промовирал 21 годишниот Ив Сен Лоран како уметничкиот директор. Лорен се приклучил на куќата во 1955, откако главниот дизајнер лично го избрал за свој прв и единствен главен асистент. Лорен во 1958 првично покажал дека е најдобриот избор по дебито на неговата прва колекција за Диор. Облеката била прецизно изработена и совршено ускладена со истите префинети ткаенини, но нивниот млад дизајнер моделите ги направил помеки, појасни и лесни за носење. Сен Лоран го поздравиле како национален херој. Охрабрени од неговиот успех, неговите дизајни станале посмели, кулминирајќи во 1960, инспирирани од егзистенцијалистите во кафулињата и џез клубовите во Сен-Жермен де Пре, во Париз. Неговиот боемски изглед во 1960 бил остро критикуван. Марсел Бусак бил бесен а кога Лоран го повикале во војска и морал да си замине од компанијата, никој не се спротивставил. Ив Сен Лоран си заминал после 6 создадени колекции за Диор.
Марк Боан мини|393x393пкс|Модел на Боан, колекција пролет/лето1973. Дизајнерот Боан го заменил Лоран во Диор на крајот на 1960. Боан го вметнал неговиот конзервативен стил во неговите колекции. Боан добил пофалби од Ребека Арнолд дека е човекот кој ја одржал марката Диор „во чекор со модата, а сепак создавајќи елегантна облека погодна за носење.“ Дизајните на Боан биле многу ценети од истакнати општествени фигури. Глумицата Елизабет Тејлор нарачала 12 фустани Диород колекцијата пролет- лето 1961 на Боан.
Парфемот на Диор Diorling излегол во 1963 а машкиот парфем Eau Sauvage излегол во 1966. Филип Гилбор, асистентот на Боан во 1967 ја лансирал првата француска конфекциска колекција Мис Диор. Ова не било истото со веќе постоечката конфекциска продавница во Њујорк отворена во 1948. Во 1968, филијалата за парфеми Диор била продадена на Моет-Енеси (што подоцна ќе стане LVMH) заради пропаѓањето на текстилната компанија на Бусак (кој сè уште бил сопственик на Диор). Сепак, ова немало влијание врз работењето на модната куќа Диор, па во 1969 бил започнат бизнисот за козметика Кристијан Диор, со создавање на ексклузивна линија. По ова, во 1970, Боан ја лансирал првата машка колекција на Диор костуми. Во Франција во 1973 била создадена конфекциската колекција за крзно од Кристијан Диор, а потоа истата се произведувала под лиценца во САД, Канада и Јапонија. Првиот часовник Диор „Црна Месечина“ бил објавен во 1975 година. Модели од високата мода на Диор носеле принцезата Грејс од Монако, првата дама на Никарагва Хоуп Портокареро, принцезата Александрија од Југославија и лејди Памела Хикс на свадбата на принцот Чарлс и лејди Дајана Спенсер. Во 1978 групацијата Бусак поднела барање за стечај и целиот имот (заедно со оној на Кристијан Диор) ги купила групацијата Вило со дозвола од судот за трговија во Париз. Парфемот Dioressence бил лансиран во 1979 година.
Диор со Бернар Арно
Џанфранко Фере десно|мини|242x242пкс|Дизајн на Марк Боан од пролетната колекција 1983 Во 1980, Диор го лансирал машкиот парфем Jules а во 1985 познатиот женски парфем Poison. Истата година Бернар Арно станал претседател, извршен и управен директор на компанијата. По доаѓањето на Арно работењето на Диор драстично се подобрило. На 40 годишнината од првата колекција на Диор, Парискиот музеј за мода посветил изложба на Кристијан Диор. Во 1988, Диор во сопственост на Арно земал удел од 32% од акционерскиот капитал на Моет-Енеси-Луј Витон (LVHM) преку својата подружница Жак Робер, притоа создавајќи го она што ќе прерасне во една од водечките и највлијателните компании за луксузни производи во светот. Италијанецот, Џанфранко Фере го заменил Боан на позицијата главен дизајнер во 1989 година. Првиот кој не бил Французин зад себе го оставил она што традиционално потсетува на Диор, флертот и романтичноста, а вовел концепт и стил кој се опишувал како префинет, одмерен и јасен. Фере управувал со дизајните за колекциите за висока мода. Во 1989 бил отворен бутик на Хаваи и уделот на Жак Робер во LVHM пораснал на 44%.
Во 1990 биле отворени уште бутици Диор во елитниот Њујорк, Лос Анџелес и во купувачките области во Токио. Уделот во LVHM пораснал на 46%. Во 1990 исто така била промовирана друга колекција на часовници, именувана Багера (Bagheera), инспирирана од кружниот дизајн на часовниците Црна месечина (Black Moon).Во 1991 бил лансиран парфемот Dune.
Приходот на Диор за 1990 бил 129,3 милиони американски долари, со заработувачка од 22 милиона американски долари. Диор сега бил препознатлив во три категории: женска конфекција, долна облека и детска облека додатоци и накит машка облека. Се отвориле бутици во целосна сопственост на компанијата во Хонгконг, Сингапур, Куала Лумпур, Хаваи, Кан и Ваикики, дополнувајќи ги веќе постоечките продавници сместени во Њујорк, Хаваи, Париз и Женева. Ова овозможило да се зголеми профитот од директна продажба и да не се менуваат реномираните локации. Во 1992 парфемот Мис Диор бил повторно лансиран. До 1993 приходот на компанијата се зголемил на 177 милиони американски долари,со заработувачка од 26,9 милиони американски долари.
Џон Галијано