Украина е поделена на 27 единици: 24 области, една автономна република и два града со специјален статус.

Административната поделба на Украина е непосредно наследена од администрирањето на украинската ССР во рамките на Советскиот Сојуз и била многу менувана од средината на XX век. Таа е малку сложена, бидејќи содржи поголем број на територијална поделба и исто така има своја класификација за разни населби.

Поранешни единици Сè до март 2014 г. Украина ги опфаќала и Автономната Република Крим и Севастопол како град со специјален статус. Таа година Крим се соочил со безбедносна опасност поради украинската криза и распишал референдум, каде народот во огромно мнозинство изгласал отцепување од Украина и припојување кон Руската Федерација. Во март истата година полуостровот преминал во руската Република Крим, а Севастопол станал федерален град на Русија.

Структура

Постојат три поголеми административни единици: област (регион), реон (округ) и населби: град, урбани и рурални населби.

Области

Областите се големи административни подрачја во земјата. Скоро секоја област е именувана по нејзиниот административен центар, додека две од нив се именувани по историски области. Покрај 24-те области, постојат и 2 града со специјален статус (Киев и Севастопол), дадени најдолу.

Област Украински Површина (км2) Население (2010) Густина Админ. центар Реони ГрадовиСе однесува на градовите наречени „градови од обласно значење“ () и се во надлежност на обласната управа наместо на управите на нивните реони.Автономна Республіка Крим26.0811.965.03175,27Симферопол1411Вінницька область26.5131.646.25061,85Виница276Волинська область20.1441.038.22351,49Луцк164Дніпропетровська область31.9743.344.073104,25Днипро2213Донецька область26.5174.448.031166,95Донецк1828Житомирська область29.8321.283.20142,84Житомир235Закарпатська область12.7771.246.32397,64Ужхород135Запорізька область27.1801.805.43166,21Запорожје205Івано-Франківська область13.9281.380.77099,05Ивано-Франковск145Київська область28.1311.719.60261,05Киев2513Кіровоградська область24.5881.014.80941,02Кропивницки214Львівська область21.8332.545.634116,49Лавов209Луганська область26.6842.300.41285,74Луганск184Миколаївська область24.5981.186.45248,06Николаев195Одеська область33.3102.387.63671,69Одеса267Полтавська область28.7481.493.66851,68Полтава255Рівненська область20.0471.152.57657,50Ровне164Сумська область23.8341.166.76548,66Суми187Тернопільська область13.8231.086.69478,36Тернопол171Харківська область31.4152.755.17787,61Харков277Херсонська область28.4611.091.15138,20Херсон183Хмельницька область20.6451.331.53464,22Хмелницки206Черкаська область20.9001.291.13561,44Черкаси206Чернігівська область31.865 1.104.24134,41Чернигов223Чернівецька область8.097903.782111,67Черновци112Київ8392.782.0163.337,78Киев101Севастополь864380.301440,71Севастопол42

Град со специјален статус

Гавниот град Киев и градот Севастопол со специјални статус, што значи дека е во непосредна надлежност на централната влада.

Окрузи

Реоните се мали територијални единици во Украина. Постојат преку 450 реони во 24-те области. Просечната површина на еден украински реон е 1.200 км2, додека просечното население е 52.000 луѓе.

Поврзано

Географија на Украина

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Списоци за Украина