мини|300п|Карта на населените места на Халкидичкиот Полуостров Халкидик или Халкидички Полуостров (, Халкидики) — полуостров во Егејска Македонија, денес во Грција. Сместен е помеѓу Солунскиот и Струмскиот Залив. Денес е дел од областа Централна Македонија.
Во првата етно-географска карта на Македонија од Димитрија Чуповски полуостровот е напишан под името Халкидонски Полуостров. На самиот тој полуостров длабоко во Егејско Море навлегуваат три помали полуострови: Касандра, Лонгос и Света Гора (Атос).
Административна поделба Поголемиот дел од полуостровот му припаѓа на истоимениот округ Халкидик. Северниот дел влегува во Солунскиот Округ, а југоисточниот ракав е во состав на монашката република Света Гора.
Поврзано Халкидик (округ)
Категорија:Полуострови во Егејска Македонија Категорија:Полуострови во Грција