Ејвинд Леонардсен (роден на 17 август 1970, во Кристијансунд) — норвешки фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Технички карактеристики Познат по своето непрестајно и интелигентно трчање, Леонардсен бил играч кој можел да биде распореден на која било позиција во средниот ред. Исто така, имал добро чувство за постигнување голови.

Клупска кариера Молде Сметан за млад и перспективен играч од средниот ред, во 1989 година бил купен од Молде. Дебитирал во норвешката врвна лига на 30 април истата година, кога неговиот тим бил поразен со 1–0 на гостувањето кај Конгсвингер. На 25 мај, го постигнал првиот гол во највисоката дивизија, во победата со 2-1 против Старт.

Откако се етаблирал како еден од најдобрите играчи на Молде, во 1991 година бил прогласен за најдобар играч од средниот ред во норвешкото првенство.

Розенборг Во 1992 година, Леонардсен преминал од Молде во Розенборг за сума од 1.000.000 норвешки круни. За овој клуб дебитирал во првенството на 26 април 1992, започнувајќи како стартер во победата со 2–0 против Лин Осло. На 28 јуни истата година го постигнал својот прв гол, со кој го поставил конечниот резултат во успехот со 2–0 над Бран. На 15 септември 1993 година, го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите, во победата со 3-1 на домашен терен над Австрија Виена во првиот натпревар од првата рунда.

Во трите години поминати со клубот Леонардсен освоил три првенствени титули (1992, 1993, 1994), а во 1993 година повторно бил избран за најдобар играч од средниот ред.

Вимблдон На 8 ноември 1994 година, Леонардсен потпишал за англискиот клуб Вимблдон за сума од 700.000 британски фунти, со што станал најскапо платениот норвешки фудбалер во тоа време. На своето деби за клубот, Леонардсен постигнал победнички гол во 90-тата минута во успехот со 4-3 над Астон Вила на Селхрст Парк. Неговото влијание во англискиот фудбал било многу позитивно. Поради неговите технички карактеристики, тој се сметал за контраст во однос на стилот на игра на Вимблдон, кој се базирал на долги додавања и прескокнување на средината.

Во сезоната 1996-1997, Леонардсен бил од огромно значење за тимот. Неговите настапи биле толку добри што менаџерот на клубот, Џо Кинар, изјавил дека фудбалерот би вредел најмалку 5.000.000 фунти во моментот кога би бил продаден. Леонардсен го напуштил Вимблдон по завршувањето на споменатата сезона, откако одбил да го продолжи договорот, после 98 настапи и 16 гола за клубот.

Ливерпул Леонардсен потоа како слободен играч му се приклучлил на Ливерпул. Менаџерот на „црвените“, Рој Еванс, редовно го вклучувал во составот во неговата прва сезона. Дебитирал во дресот на Ливерпул на 15 октомври 1997 година, кога влегол на местото на Џејми Карагер во победата со 2–0 на гостувањето кај Вест Бромвич Албион во третата рунда од Лига купот. Три дена подоцна, дебитирал за клубот во Премиер лигата во Мерсисајдското дерби против Евертон загубено со 2-0, заменувајќи го од клупата Патрик Бергер во 56-тата минута. Седум дена по тој натпревар, Леонардсен го постигнал првиот гол со екипата на Ливерпул во победата со 4-0 над Дарби Каунти.

Сепак, по добрата прва сезона со 36 настапи и 6 гола во сите натпреварувања, во следната со доаѓањето на Жерар Улие на клупата на Ливерпул неговите настапи станале многу ограничени, па бил преселен дури и во резервниот состав. Фактот што не бил играч од највисока класа го навел менаџерот Улие да размислува за негова продажба, што потоа навистина и се случило.

Тотенхем Во август 1999 година, Леонардсен пристигнал во Тотенхем, зајакнувајќи ја скандинавската колонија во клубот веќе составена од сонародниците Штефен Иверсен и Еспен Бордсен како и данецот Алан Нилсен. Леонардсен не чекал долго за да ги покаже своите квалитети во дресот на Спарс: уште истиот месец по пристигнувањето постигнал гол против Евертон во домашната победа со 3-2, а потоа го постигнал и голот со кој го поставил конечниот резултат 1–2 во корист на неговиот тим на гостувањето кај Шефилд Венздеј. Голот против Венздеј бил прекрасен, добивајќи ја топката од Иверсен, тој брзо ја сменил насоката на движење преместувајќи си ја топката на левата нога со која шутнал многу прецизно и го совладал противничкиот голман со удар од работ на шеснаесетникот. Со одличната форма, Леонардсен му помогнал на Тотенхем да се искачи на врвот на табелата по само неколку натпревари, но недостатокот на креативност во тимот ги принудил да завршат дури на 10-тото место.

Втората сезона норвежанецот ја започнал добро, постигнувајќи погодок во натпреварот од второто коло на Премиер лигата против Мидлсбро во гости завршен со резултат 1-1. Иако почетокот наговестувал плодна сезона за играчот од средниот ред, наместо тоа, тој имал првенство со мешани успеси: октомврискиот натпревар против Дарби Каунти бил симболичен за наведеното, затоа што во него Леонардсен постигнал два гола, но потоа морал да го напушти теренот поради повреда, останувајќи надвор од акција два месеци. Тој се вратил во голгетерска форма во февруари 2001 година, помагајќи му на Тотенхем да се врати од два негатива и на крајот да го победи Чарлтон со 4-2 во натпревар од четвртата рунда на ФА купот. Во следното коло на натпреварувањето, против Стокпорт Каунти, Леонардсен доживеал повреда поради која морал да пропушти голем дел од остатокот од сезоната. Тој се вратил на време за полуфиналниот натпревар од ФА купот против Арсенал, заменувајќи го Лес Фердинанд во второто полувреме. Сепак, тој не можел да помогне да се избегне поразот и елиминацијата од купот, по што Тотенхем, без мотиви во остатокот од сезоната, го завршил првенството повторно на средината на табелата.

Иако бил важен член на тимот, под водството на Џорџ Греам, промената во менаџментот (со доаѓањето на Глен Ходл) го оставило надвор од теренот поради повреди. Всушност, таа сезона тој одиграл само 7 натпревари во лигата, без постигнат гол.

Астон Вила На 30 август 2002 година, Леонардсен бил ангажиран од , откако претходно бил на проба во Шалке 04. Тој потпишал едногодишен договор, со опција за продолжување на уште дванаесет месеци. Менаџерот Греам Тејлор го сакал во тимот веќе 31-годишниот Леонардсен, за да додаде искуство во составот кој бил прилично млад. Некои од својте најдобри моменти во дресот на Вила, Леонардсен ги имал во месец ноември 2002. Во натпреварот против Фулам на домашен терен добиен со 3-1, тој забележал гол и асистенција; при резултат 1-1, Леонардсен најпрво му асистирал на Маркус Албак во 66-тата минута за водство од 2-1, а потоа во 83-тата минута токму по додавање од швеѓанецот и самиот тој ја затресол мрежата за да го постави конечниот резултат. Две недели подоцна, во следниот домашен натпревар, Леонардсен го повторил подвигот забележувајќи гол и асистенција во победата со 4-1 над . Интересно е тоа што повторно двата гола биле плод на комбинација меѓу него и еден ист друг играч, Дариус Васел: најпрво Васел ослободувајќи се од тројца играчи на Вест Хем го пронашол Леонардсен во шеснаесттникот кој погодил од косо за 2-0, а потоа во завршницата Леонардсен со одлично додавање низ средината го пронашол Васел за тој да го постави конечниот резултат во натпреварот. И покрај овие два одлични настапи, на крајот од сезоната договорот на Леонардсен не му бил продолжен, пред се како резултат на повредите поради кои пропуштил голем број натпревари во вториот дел од сезоната. Заминувањето од Астон Вила, исто така, значело негово збогување со Премиер лигата после 9 последователни сезони во кои одиграл вкупно 186 натпревари и постигнал 30 гола.

Враќање во Норвешка На 25 март 2004, Леонардсен постигнал договор со екипата на Лин од Осло со што се вратил во татковината, потпишувајќи тригодишен договор. Тоа претставувало значајно засилување за клубот, особено поради неговото меѓународно искуство. Дебитирал на 12 април, кога го заменил Оле Бјерн Сундгот во поразот со 2–0 на гостувањето кај Молде. На 6 јуни го постигнал својот прв гол, во гостинската победа со 4–2 против Фредрикстад.

По две сезони во дресот на Лин, на 12 декември 2005 година, Леонардсен потпишал двегодишен договор со Стремсгодсет добивајќи ја веднаш капитенската лента на клубот. Неговиот избор да го напушти Лин, екипа која била во врвот на норвешкиот фудбал, и да премине во Годсет, кој настапувал во Првата дивизија, било примен во јавноста со големо зачудување. Фудбалерот објаснил дека бил воодушевен што станал дел од екипа која требало да се изгради и дека фактот што клубот играл во формација 4-3-3, наместо 4-4-2 како Лин, бил дополнителен поттик. Стремсгодсет, под водство на тренерот Даг-Ејлев Фагермо и Јостеин Фло како спортски директор, сепак изградил конкурентна екипа со цел веднаш да обезбеди промоција. Леонардсен дебитирал на 9 април 2006, како стартер во ремито 1-1 против Хед. На 23 април го постигнал својот прв гол, во победата со 3-2 против Фоло. Екипата го освоила првенството и обезбедила промоција, a тој придонел за успехот со 29 настапи и 6 гола.

Тој одиграл уште една сезона, помагајќи му на Стремсгодсет да се задржи во највисоката дивизија, по што се пензионирал.

Репрезентативна кариера Леонардсен одиграл 86 натпревари и постигнал 19 гола за . Дебитирал на 31 октомври 1990, кога бил стартер во пријателскиот натпревар добиен со 6-1 против . На 14 ноември го одиграл првиот натпревар во квалификациите за Европското првенство 1992: повторно бил во почетниот состав во победата со 3-0 на гостувањето кај . На 8 август 1991, го постигнал својот прв гол во дресот на репрезентацијата, во поразот со 1–2 од , во пријателски натпревар одигран во Осло. Во квалификациите за Светското првенство 1994, тој и помогнал на скандинавската репрезентација да се квалификува придонесувајќи со 6 настапи и еден гол. На 8 септември 1993 година, го добил признанието Gullklokka за 25-тиот настап за репрезентацијата, во пријателската победа со 1-0 против .

На „Мундијалот“ во САД, Леонардсен дебитирал како стартер во првиот натпревар од групната фаза, кој Норвешка го добила со 1-0 против . Понатаму тесниот пораз од и нерешениот натпревар без голови против (Леонардсен ги одиграл и нив од почеток до крај), сепак го спречиле пласманот на Скандинавците во следната фаза. Репрезентацијата потоа доживеала нов неуспех, не можејќи да се пласира на Европското првенство 1996.

Сепак, навивачите ширум Норвешка набрзо повторно можеле да бидат среќни, кога репрезентацијата се квалификувала за Светското првенство 1998. Норвешка лошо го започнала турнирот и одиграла само1 нерешено 2–2 во првиот натпревар против , при што Леонардсен имал многу разочарувачки настап. Поради тоа, тој не бил во составот за следниот натпревар, против . Сепак, тој се вратил во тимот за последниот натпревар од групната фаза, во кој Норвешка изненадувачки го совлада со 2–1. Потоа, репрезентацијата била елиминирана од Италија во осминафиналето.

Леонардсен учествувал и во квалификациите за Европското првенство 2000, каде што Норвешка успеала да се квалификува. Сепак, селекторот Нилс Јохан Семб објавил дека фудбалерот нема да учествува во завршната фаза на турнирот, бидејќи штотуку се опоравил од повреда. Тоа не било неговиот крај во репрезентацијата, бидејќи тој учествувал и во следните два квалификациски циклуси за Светското првенство 2002 и Европското првенство 2004, но Норвешка на ниту едно од двете не се квалификувала. Откако на 22 мај 2003 година, го постигнал својот последен гол за репрезентацијата во победата со 2-0 над , на 7 јуни 2003 го одиграл и својот последен натпревар во поразот со 1-0 од во Копенхаген.

Хронологија на репрезентативните настапи

Титули Клупски Розенборг Норвешко првенство : 3 1992, 1993, 1994 Куп на Норвешка : 1 1992

Поединечни Најдобар играч од средниот ред во норвешкото првенство : 2 1991, 1993

Наводи

Надворешни врски

Ејвинд Леонардсен на soccerway Ејвинд Леонардсен на transfermarkt Ејвинд Леонардсен на ESPN Ејвинд Леонардсен на whoscored

Категорија:Фудбалери на ФК Молде Категорија:Фудбалери на ФК Розенборг Категорија:Фудбалери на ФК Ливерпул Категорија:Фудбалери на ФК Тотенхем