Валиде султан (османлиски: والده سلطان, буквално "мајка султан") — титула на мајката на османлискиот султан. Титулата првпат се користи во 16 век за Ајше Хафса султан, сопруга на Селим I и мајка на Сулејман Величествениот. Титулата е еквивалент на западната мајка кралица и источната мајка царица или ипмераторка.
Позицијата била најважната позиција во Отоманското Царство по онаа на самиот султан. Како мајката на султанот, според исламската традиција ("правото на мајката е Божјо право"),http://www.beliefnet.com/Love-Family/Holidays/Mothers-Day/Can-Muslims-Celebrate-Mothers-Day.aspx?p=2# Валиде султаните имале значајно влијание врз работите од областа на империјата. Таа имаше голема моќ во судот и нејзини сопствени соби (секогаш во непосредна близина на нејзините синови) и државен персонал. Особено во текот на 17 век, во период познат како "Султанат на жените", серија на некомпетентни или малолетни султани ја зголеми улогата на Валиде султанот.Leslie Peirce, The Imperial Harem: Women and Sovereignty in the Ottoman Empire, Oxford University Press, 1993, ISBN 0-19-508677-5 (paperback)
Султанатот на жените започна со Хурем султан (1500-1558) и го продолжила Нурбану Султан (1525-1583), мајка на Мурат III. Како Валиде султан во 1574-1583, Нурбану беше де факто ко-владетел. Најмоќните и најдобро познатите од сите Валиде султани и Хасеки султани во историјата на Отоманското Царство биле Хурем султан, Нурбану султан и Ќосем султан (1589-1651).
Поврзано Список на Валиде султан Султанат на жените
Наводи
Категорија:Жената во исламот Категорија:Кралици Категорија:Историја на исламот Категорија:Османлиски робови