Темар () — мал град во округот Хилдбургхаузен, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на реката Вера, 11 километри северозападно од окружниот град Хилдбургхаузен и 14 километри југозападно од слободниот град Зул.
Градот претставува административно седиште на општинската заедница Фелдштајн. До 2019 година не бил во состав на самата заедница, иако во него се наоѓало нејзиното седиште.
Местоположба
Темар се наоѓа во јужниот дел на Тирингија, во горниот тек на Вера и во подножјето на Тириншката Шума.
Соседни општини
Општини со кои се граничи се Хенфштет, Оберштат, Груб, Ленгфелд, Клостер Фесра, Гримелсхаузен и Бајнерштат во округот Хилдбургхаузен, како и со Грабфелд и Лојтерсдорф во округот Шмалкалден-Мајнинген.
Градски единици
Кон градот припаѓаат и следниве места:
Вахенбрун Тахбах
Политика Градски совет
Градскиот совет во Темар се состои од 14 членови. На општинските избори одржани на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:
Партија/Список Места +/– Про Темар 8 ± 0 Левица 3 − 2 SPD 1 ± 0 BZH 2 + 2
На овие избори по првпат во советот влегла партијата „Сојуз-Иднина-Хилдбурхаузен“ од крајната десница.
Градоначалник
Од 2000 година, градоначалник е Хуберт Безе, кој во 2018 година бил повторно избран.
Збратимени градови
Темар е збратимен со следниве градови:
Гербрун, Германија
Главни знаменитости
Црква Свети Вартоломеј Црква Свети Јован Градски ѕидини Градско собрание Главниот плоштад
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Хилдбургхаузен (округ)