Планините Рен () — група на ниски планини во средна Германија, сместени околу граничната област на сојузните покраини Хесен, Баварија и Тирингија. Делумно овие планини, кои се наоѓаат на крајниот југоисточен крај на Источнохесенските гори (Osthessisches Bergland), се последица на древна вулканска активност. Тие се разделени од Фогелсберг со реката Фулда и нејзината долина. Највисок врв на Рен е Васеркупе (950,2 м), кој се наоѓа во Хесен. Планините Рен се популарно туристичко одредиште и област за планинарење.

Поврзано

Природен парк Баварски Рен Биосферен резерват Рен

Надворешни врски

Туристички портал за Рен Страница на биосферниот резерват Рен Планинарски клуб Рен Фулда и Источен Хесен Виртуелна тура низ Рен во Хесен Информации за локалната флора

Категорија:Планински венци во Германија Категорија:Вулкани во Германија Категорија:Изгаснати вулкани Категорија:Географија на Хесен Категорија:Географија на Баварија Категорија:Географија на Тирингија Категорија:Планини Рен Категорија:Биосферни резервати во Германија Категорија:Планински венци во Тирингија Категорија:Планински венци во Баварија Категорија:Планински венци во Хесен