Стад де ла Мосон е фудбалски стадион во францускиот град Монпелје. Тој е домашен терен на фудбалскиот клуб Монпелје кој се натпреварува во Лига1. Стадионот бил надоградуван за потребите на Светското фудбалско првенство во Франција 1998. Исто така, стадионот бил користен и за време на Светскиот куп во рагби 2007 година, кој во најголем дел се играл во Франција.

Историја Стадионот бил отворен во 1972 и е во сопственост на градот Монпелје. Се наоѓа во западниот дел на градот, во близина на реката Мосон, по која и годобил името. Токму заради близината на реката, стадионот бил поплавен во 2002 и 2003 годинаLand unter Südfrankreich кога водата од реката скршнала од коритото. Колку била голема поплавата, докажува податокот кој вели дека дури и соблекувалните на стадионот биле целосно поплавени. Теренот бил уништен, и морал да биде заменет со нов.

1987 година кога клубот домаќин на стадионот ФК Монпелје се пласирал во Лига 1, сместивоста на стадионот била зголемена на 23.500 места. За потребите на Мундијалот 1998 година, сместивоста дополнително била зголемена на 35.500 места.

Општи податоци Адресата на стадионот е Avenue Heidelberg, 34 080 Монпелје. Најголема посетеност стадионот имал на 17 август 2005. Тогаш 31.457 гледачи дошле да го одгледаат натпреварот помеѓу Триколорите и репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска.

Одиграни натпревари на стадионот Светско првенство 1998.

ДатаВреме (ЦЕВ)Тим #1РезултатТим #2РундаПублика10 јуни 199821:00 2 – 2Група А 29,80012 јуни 199814:30 0 – 0 Група Д27,65017 јуни 199821:00 3 – 0 Група Б29,80022 јуни 199817:30 1 – 0 Група Г29,80025 јуни 199821:00 2 – 0 Група Ф29,80029 јуни 199816:30 2 – 1 Осминафинале29,800

Надворешни врски Архива на натпревари на FIFA.com

Наводи

Категорија:Фудбалски стадиони во Франција