мини|десно|200п|Прокруст и Тезеј Прокруст или Дамаст, (, ) е лик на разбојник од старогрчката митологија.

Митологија Според митот, Прокруст живеел на Атика, во долината на реката Кефис и имал гостилница во која ги поканувал патниците намерници да ги нагости и да се одморат во његовата постела. Ако постелата му била мала на гостинот Прокруст би му ги отсекувал нозете, а ако постелата му била преголема тогаш тој би го растегнувал.

Прокруст бил прекарот на Дамаст кој го добил според растегнувањето (Прокруст = Растегнувач).

Прокруст го убил јунакот Тезеј на сличен начин како што тој ги убивал своите жртви. Прокруст го наследил син му Синис, исто така разбојник, кој живеел близу Коринт.

Прокрустова постела Прокрустова постела е фраза која се употребува кога некој се обидува со сила да врами во несоодветни рамки и да ја означи вистинската мерка (ни помалку ниту повеќе).

Прокруст како мотив во уметноста „Зборува Дамаст со прекар Прокруст“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 76-77. „Балкан“ - песна на Зоран Анчевски

Надворешни врски

Наводи

Категорија:Старогрчка митологија Категорија:Егалитаризам