Ракита (на месниот дијалект: Раќита) — река во Полог (Долен Полог), северозападна Македонија. Се наоѓа во подножјето на планинскиот врв Љуботен, во близина на населеното место Вратница.
Тек
Ракита (позната и како Вратничка Река) е составена од две притоки: Ливадичка и Љуботенска Река. Додека Ливадичката притока се формира од изворите на областа Ливадица на Шар Планина, Љуботенска Река го започнува својот пат од многубројните извори на Љуботен. И двете помали реки се составуваат во месноста Средорек и ја создаваат Ракита.
После својот тек кој поминува во близина на населените места Вратница и Орашје (Горно и Долно), Ракита се влева во реката Вардар, веднаш пред неговиот влез во Дервенската Клисура.
Галерија
Поврзано Вардар Вратница Орашје
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Реки во Македонија Категорија:Реки на Шар Планина Категорија:Притоки на Вардар Категорија:Вратница Категорија:Орашје