мини|десно|220п|Лого на здружението Теледом (унгарски: Teleház) претставува здружение на Унгарците во Македонија. Тоа е формирано во 2003 година и брои стотина членови. Здружението е мошне активно и соработува со Амбасадата на Унгарија и унгарскиот Институт „Балаши“. Нивната годишна програма опфаќа организирање повеќе активности за зачувување и негување на унгарската култура и јазик, но и за запознавање на македонската поширока јавност со нејзините вредности и преку манифестации, претстави, изучување на унгарски јазик, како и неделите на унгарската култура и на унгарскиот филм. Здруженито секоја година ја организира прославата на националниот празник на Унгарија на 15 март, денот на Буржоаската револуција и национално-ослободителната борба на унгарскиот народ во која се удрени темелите на модерна и парламентарна Унгарија.
Претседател на здружението (состојба 2013) е Јожеф Шутуш.
Поврзано Македонски Унгарци Институт „Балаши“
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место Пфицијалнa Facebook страница
Категорија:Унгарци во Македонија Категорија:Здруженија на граѓани и фондации во Македонија Категорија:Појавено во 2003 година во Македонија