300px|мини|Линколнска катедрала Англиканство или англиканизам — еден од насоките на протестантството што се појавил за време на Реформацијата во Англија. Англиканските цркви имаат посебна историска врска со Црквата на Англија и со неа се обединети со заедничко богословие, богослужба и црковна структура. Изразот „англиканство“ се враќа на латинската фраза ecclesia anglicana, чие прво спомнување потекнува од 1246 г. и буквално значи „англиска црква“. Следбениците на англиканството се нарекуваат „англиканци“, а исто така и „епископалци“. Огромното мнозинство англиканци припаѓаат на цркви што се дел од Англиканската заедница, која е меѓународна по природа.

Наводи

Надворешни врски

Anglican Communion website

Online Anglican resources Anglicans Online website

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Западно христијанство Категорија:Протестантство