мини|десно|300п|Карта на светските океани

Океан (од , „Океанос“Ὠκεανός, Henry George Liddell, Robert Scott, Грчко-англиски лексиокон, на проетктот Персеј) — голем резервоар на солена вода, и главна компонента на хидросферата. Околу 71% од површината на Земјата (~3,61 × 1014 м2) е прекриена со океани, споен резервоар на вода кој условно е поделен на неколку главни океани и помали мориња. Скоро половина од светските води се длабоки над 3000 метри.

Овој споен резервоар на солена вода, наречено Светски Океан, главно се дели според континентите и архипелазите на: Тихи Океан, Атлантски Океан, Индиски Океан, Јужен Океан и Северноледен Океан. Последниот океанографски се нарекува Средоземно Море. Помалите региони од океаните се нарекуваат мориња, заливи, теснеци и др.

Геолошки, океанот е област од океанска кора покриена со вода. Океанска кора е тенкиот слој од стврднат вулкански базалт кој ја покрива Земјината површина каде нема континенти. Од овој аспект, денес постојат три „океани“: Светскиот Океан, Црното и Касписко море, кои се формирале со колизија на Цимерија со Лавразија. Средоземното Море е скоро свој „океан“, поврзано со Светскиот Океан преку Гибралтарскиот Теснец, и повеќепати во последните неколку милиони години движењето на Африканскиот континент го затворило теснецот целосно, правеќи го Средоземното Море четврт „океан“.

Светскиот Океан зафаќа површина од 361 милиони км2, волумен од 1.340 милиони км2, а просечната длабочина е 3.711 метри. Скоро половина од светските води се длабоки над 3.000 метри. Ова не вклучува мориња кои не се поврзани со Светскиот Океан, како Каспиското Море. Вкупната маса на хидросферата е скоро 1.4 × 1021 kg, ca. 0.023 % од вкупната Земјина маса.

Океанот како тема во уметноста и во популарната култура „Загледан во океанот“ - песна на македонскиот поет Ацо Шопов.Ацо Шопов, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 118-119. „Океан“ (англиски: Ocean) - песна на британската група Дед кен денс (Dead Can Dance) од 1984 година.Discogs, Dead Can Dance ‎– Dead Can Dance (пристапено на 3.6.2020) „Океан“ (англиски: The Ocean) — песна на ирската рок-група Ју Ту (U2) од 1981 година.Discogs, U2 – Boy (пристапено на 26.5.2021) „Океан“ — песна на српската рок-група Луна од 1984 година.Luna (22) – Nestvarne Stvari (пристапено на 30.1.2023) „Океани“ (англиски: Oceans) — песна на американската рок-група Перл Џем (Pearl Jam) од 1991 година.Discogs, (пристапено на 8.6.2023) „Океан“ (англиски: Ocean) - песна на американскиот рок-музичар Лу Рид од 1972 година.YouTube, Lou Reed-1st Album-1972 (vinil rip)(Full) (пристапено на 2.12.2017) „Големина на океан“ (англиски: Ocean Size) - песна на американската рок-група Џејнс адикшн (Jane's Addiction) од 1988 година.Discogs, Jane's Addiction – Nothing's Shocking (пристапено на 17.12.2020)

Надворешни врски Ocean Explorer Науката навлегува во тајните на океаните Зошто се океаните солени? Официјални IHO граници на Океани и мориња Експедицијата Хидроген Океана - Заштите на Светските Океани Светска Океанска Опсерваторија Гринпис

Поврзано Океанографија Море Морска сол Вода

Наводи

Океани Океани Категорија:Крајбрежни и океански земјишни облици Категорија:Водни површини