Гент-Вевелгем 2013 било 75. издание на еднодневната велосипедска трка Гент-Вевелгем. Била одржана на 24 март 2013 на растојание од 183,4 километри и била седма трка во сезоната на Светската турнеја. Првично, трката било предвидено да се одржи на растојание од 238 километри, но поради снег почетокот на трката бил преместен од Дејнзе во Гистел.
Трката била освоена од Словакот Петер Саган од екипата , откако направил соло напад на 4 километри пред целта и се одржал до крајот на трката во водство, победувајќи со предност од 23 секунди пред групата од девет возачи. Второто место го зазел Словенецот Борут Божич, кој вози за екипата , додека Грег ван Авермат бил највисоко пласиран белгиски возач, заокружувајќи го подиумот за .
Екипи
Бидејќи Гент-Вевелгем е настан од Светската турнеја на UCI, сите UCI World Tour екипи се повикани автоматски и се обврзани да испратат свој состав. Првично, осумнаесет UCI World Tour екипи биле поканети на трката, како и шест други екипи со специјални покани и со тоа била создадена главната група од 24 екипи. Подоцна, го повратила својот UCI World Tour статус по жалбата до Арбитражниот суд за спорт. Бидејќи не била првично повикана на трката, организаторите на трката го објавиле нивното додавање на трката, со што се зголемил вкупниот број на екипи на 25. Секоја од 25. екипи можела да настапи со осум возачи на трката, со што вкупниот број на велосипедисти бил 200.
Екипи кои настапиле на трката биле:
Резултати
ВелосипедистЕкипаВреме 1 2 + 23" 3 + 23" 4 + 23" 5 + 23" 6 + 23" 7 + 23" 8 + 24" 9 + 24" 10 + 24"
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Гент-Вевелгем Категорија:Белгија во 2013 година Категорија:Светска турнеја на UCI 2013