Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј — музејска и конзерваторска установа во Штип, основана во 1950 година како установа на градот, за да во 1955 г. прерасне во Музеј на целиот штипски крај.
Заводот - Музеј поседува повеќе збирки и фондови од областа на археологијата, етнологијата, историјата, историјата на уметноста и современата македонска уметност и врши дејности од областа на заштитата на недвижни и движни споменици на културата, презентација, обработка и чување на музејски материјал и организација на ликовни изложби.
Тежиштето на активностите на Заводот - Музеј е насочено кон:
Истражувачки работи и набавка на музејски материјал Стручно-музеолошка обработка Заштита на материјалот и културно-историските споменици Културно – образовна и воспитна дејност
Галерија
Наводи
Категорија:Згради и градби во Штип Категорија:Музеи во Македонија