Ријад ( / Ar Riyāẓ) е главниот град на Саудиска Арабија. Воедно, Ријад е најголем град во државата, како и главен град на покраината Ријад. Ријад е дел од историските региони Наџд и Јамама. Градот се наоѓа во центарот на Арапскиот Полуостров и тој е дом на околу 5,254,560 жители. Метрополитенската област Ријад има население од околу 7 милиони жители. Градот е поделен на 15 општински окрузи кои се под капата на општина Ријад и градоначалникот и гувернерот.

Градот лежи во „централниот коридор“ на Саудиска Арабија за развој, заедно со Бураида и Харџ во ријадската административна единица. Другите две области со концентрирано поголемо население се две крајбрежни области - околу Џида и Мека на Црвеното Море, и околу Џубаил и Дахран на Персискиот Залив.

Иако е многу сува областа во која е сместен градот, сепак паѓаат и дождови во мала количина. Пет брани ја собираат дождовницата. Има околу 96 бунари и 467 км цевкаст систем кој ја пренесува водата од центрите за отсолување на Персискиот Залив до градот.

Потекло на поимот Името „Ријад“ потекнува од арапскиот збор и значи „градини“.

Поврзано Саудиска Арабија Градови во Саудиска Арабија

Надворешни врски

Официјално мрежно место Карта на Ријад Храна во Ријад Хотели во Ријад Неофицијален туристички водич за градот Директориум за Ријад Фотографии и историја на Ријад Патување во покраината Ријад

Категорија:Градови во Саудиска Арабија Категорија:Главни градови во Азија