Шах — спортска игра на квадратна табла за двајца играчи. Таблата е поделена на осум редови и осум колони, и има 64 полиња кои се наизменично темни и светли (често се вели „црни“ и „бели“). Името на играта потекнува од истоимениот персиски збор („شاه‎“) што значи „крал“.

Историја на шахот

мини|Партија шах со живи фигури, Битола 1924. Слика на браќа Манаки Не постојат сигурни податоци за времето на настанување. Најверојатно играта се појавила пред повеќе од 2000 години. При археолошките ископувања во Узбекистан биле најдени две фигури изработени од слонова коска, идентификувани како шаховски фигури, а датирани во времето на владеење на царот Хувишке (II век).

Во V век во Индија настала посебна врста на воена игра на дрвена плоча која на санскрит го носи називот „чатуранга“, а што значи четвороделен. Чатуранга, далечниот предок на денешниот шах, била игра која го одразувала поредокот на тогашната индиска војска, а која ја сочинувале 4 рода: пешадија, коњица, слонови и борни коли, а во средината се наоѓа раџа (крал) и неговиот советник мантрин (денешна кралица). Движењето на фигурите се одредувало со фрлање на коцка. Во VI век играта била прифатена од Персиците („чатранг“), а од нив ја презеле во VII век Арапите и нарекувајќи ја „шатранџ“, во IX век ја пренеле во Шпанија. Според некои истражувачи, шахот води потекло од Кина или Средна Азија.

Во новиот век била создадена легендата според која шаховската игра се припишува на грчкиот јунак Паламед. Според легендата тој ја измислил играта за време на тројанската војна за да ја разбие досадата во текот на десетгодишната опсада. Сигурно е дека Грците и Римјаните не го познавале шахот.

Воена симболика на фигурите

Шаховските фигури, освен кралот и кралицата, ги симболизираат четирите рода на војската: пешадија, коњица, слонови и бојни коли. Таа симболика во преводите на разни јазици со текот на времето се изгубила.

Пионот или пешакот во германскиот е „der Bauer“ („селанец“), во англискиот — „pawn“, збор кој потекнува, преку англонормандскиот и францускиот, од латинскиот „pedon“, што значи „војник припадник на пешадија“.

Фигурата „коњаник“ (или витез) сѐ уште така се нарекува во англискиот јазик. Во рускиот јазик е коњ, во хрватски јазик — „skakač“, а во македонски се користи коњ или скокач.

Индиската фигура која го симболизира слонот, во Русија и денес се нарекува слон. Во Германија е „der Läufer“, што значи „тркач“. Во македонскиот јазик се користи терминот „ловец“ или пак „лауфер“, а во англискиот — „bishop“ („бискуп“), можеби поради сличноста на формата со бискупската капа.

Борната кола, чиј стар назив бил „кула“, а се однесувал на дрвената кула која се користела при опсадите, денес, веројатно како промена во техниката на војувањето, е заменета со топ.

Кралот, персиски „шах“, и го дал името на играта. До кралот стои фигура која на персиски се нарекува „ферз“, што значи „канцелар“ или „везир“. Овој назив се користи и во Русија. Во Европа ферз го сменил полот и се претворил во кралица или дама.

Легенда

Една легенда ја поврзува шаховската табла со т. н. геометриски ред, чии својства будат восхит.

„Некогаш одамна си живеел еден цар по име Шерам кој сакал да го награди скромниот математичар Сеса за откритието на шаховската табла, па му рекол да бара што сака. Сеса рекол: Сакам да ми дадете за првото поле на таблата 1 зрно жито, за второто поле, 2 зрна жито, за третото 4, за четвртото 8 и така за секое следно двапати повеќе зрна од претходното поле. Царот се изненадил и рекол: Зарем само толку, па веднаш после ручекот ќе ја добиеш својата вреќа со жито. Но, царските математичари сметале два дена, за да на крајот пресметаат колку зрна жито требало да му се предадат на Сеса, а тој број изнесувал: 18 446 744 073 709 551 615. Царот се замислил бидејќи математичарите му соопштиле дека толку жито нема царството во залиха. По долго размислување царот го повикал Сеса и му рекол: Драг човеку јас не сакам да те излажам ни за едно зрно, па затоа ти својата награда ќе ја броиш заедно со моите слуги. Откако го слушнал тоа на Сеса му станало непријатно и почнал да се извинува дека има итна работа, дека сестра му на другиот крај од царството е пред пораѓање, а мажот и умрел, на што царот се насмевнал и му дал богата награда, за да го шири гласот по светот за милостивоста на царот Шерам“.

Правила на играта Главна статија: Шаховски правила

ИмеБукваСликаПионP20px|Пион20px|ПионКоњN20px|Коњ20px|КоњЛовецB20px|Ловец20px|ЛовецТопR20px|Топ20px|ТопКралицаQ20px|Кралица20px|КралицаКралK20px|Крал20px|Крал

Резултатот во шаховската игра зависи исклучиво од вештината на играчот, а воопшто не зависи од среќата. Играчите најизменично влечат потези со цел да го матираат противникот. Правилата на денешниот шах се разликуваат од арапскиот шатранџ. Таблата и фигурите се еднакви, но правилата за движење се поинакви.

Секој играч започнува со 16 фигури: крал (1), кралица (1), топ (2), коњ (2), ловец (2) и пион/пешак (8). Еден играч игра со светли, односно бели фигури, а другиот со црни фигури, најизменично придвижувајки ги своите фигури, при што белиот има право на прв потег. Целта на играта е да се доведе противникот во позиција на шах-мат (шах-мат значи мртов крал). Шах-мат е ситуација кога кралот е нападнат и нема начин да се заштити или да се придвижи кон поле кое не е нападнато. Кога противникот е матиран, партијата се завршува со победа над противникот. Покрај шах-мат, кога е познат победникот, партијата може да заврши и со реми или пат позиција, кога резултатот е нерешен.

Пат е ситуација кога еден од играчите кој е на потег не може да помрдне ниту една фигура.

Реми е ситуација кога ниту еден играч не може да даде мат на другиот играч, најчесто поради недостаток на фигури, или кога двајцата играчи ќе проценат дека не можат да го надиграат противникот. По таквата проценка се договара реми и се запишува 1/2:1/2, односно се дели бодот.

Некогаш постоело правило во случај на пат или реми да се смета дека двајцата играчи изгубиле, но со одлука на ФИДЕ решено е бодот да се дели.

Шаховски запис Главна статија: Шаховски запис

Во општа употреба за бележење на шаховските партии и позиции денес е т.н. алгебарски запис. Таа првпат се појавила во еден француски ракопис од 1173 г., но во широка употреба е од XIX век. Во 1981 г. ФИДЕ ја воспоставил како стандард. Во земјите на англофонската област сѐ уште понекогаш се користи т. н. описен запис. Сегашни најдобри играчи

Најдобро рангирани шахисти

Според рејтинг списокот на ФИДЕ, за периодот април-јуни 2007 најдобро рангирани шахисти се:

1. Вишванатан Ананд 2786 Индија2. Веселин Топалов 2772 Бугарија3. Владимир Крамник 2772 Русија4. Александер Морозевич 2762 Русија5. Левон Арониан 2759 Ерменија6. Шахријар Мамедјаров 2757 Азербејџан7. Тејмур Раџабов 2747 Азербејџан8. Петер Леко 2738 Унгарија9. Петер Свидлер 2736 Русија10. Мајкл Адамс 2734 Англија

Најдобро рангирани шахистки

Според рејтинг списокот на ФИДЕ за периодот април-јуни 2007 најдобро рангирани се:

1. Јудит Полгар 2711 Унгарија2. Хампи Конеру 2548 Индија3. Александра Костењук 2540 Русија4. Пиа Кремлинг 2520 Шведска5. Хсу Јухуа 2517 Кина6. Маја Чибурданидзе 2504 Грузија7. Антоанета Стефанова 2502 Бугарија8. Косинчева Татјана 2489 Русија9. Хоан Тан Транг 2487 Унгарија10. Жу Чен 2483 Катар

Македонски шахисти

Според рејтинг списокот на ФИДЕ најдобро рангирани македонски шахисти за периодот април-јуни 2007 се:

1. Никола Митков 2544 Македонија2. Владимир Георгиев 2540 Македонија3. Трајче Недев 2523 Македонија4. Звонко Станојоски 2504 Македонија5. Александар Чоловиќ 2463 Македонија6. Влатко Богдановски 2429 Македонија7. Драгољуб Јаќимовиќ 2427 Македонија8. Орце Данчевски 2419 Македонија9. Никола Васовски 2417 Македонија10. Марјан Митков 2401 Македонија

Список на светски шампиони во шах

„Неофицијални“ но широко признати шампиони (предшампионско доба): Реј Лопес де Сегура, Шпанија, ~ 1560 Паоло Бои и Леонардо да Кутри, Италија, ~ 1575 Алесандро Салвио, Италија, ~ 1600 Џоакино Греко, Италија, ~ 1620 Легал де Кермер, Франција, ~ 1730–1747, Франсоа-Андре Филидор, Франција, ~ 1747–1795 Елександр Дешапеј, Франција, ~ 1800–1820 Луј де ла Бурдоне, Франција, ~ 1820–1840 Хауард Стонтон, Англија, 1843–1851 Адолф Андерсен, Германија, 1851–1858 Пол Морфи, САД, 1858–1859 Адолф Андерсен, Германија, 1858–1866 Вилхелм Штајниц, Австрија, 1866–1886

„Официјални“ шампиони: Вилхелм Штајниц, Австрија/САД, 1886–1894 Емануел Ласкер, Германија, 1894–1921 Хосе Раул Капабланка, Куба, 1921–1927 Александар Аљехин, Русија/Франција, 1927–1935, 1937–1946 Макс Еве, Холандија, 1935–1937 Михаил Ботвиник, СССР, 1948–1957, 1958–1960, 1961–1963 Василиј Смислов, СССР, 1957–1958 Михаил Таљ, СССР, 1960–1961 Тигран Петросјан, СССР, 1963–1969 Борис Спаски, СССР, 1969–1972 Роберт Фишер, САД, 1972–1975 Анатолиј Карпов, СССР, 1975–1985 Гари Каспаров СССР/Русија, 1985–1993 Анатолиј Карпов, Русија, 1993–1999 Александар Халифман, Русија, 1999–2000 Вишванатан Ананд, Индија, 2000–2002 Руслан Пономарјов, Украина, 2002–2004 Рустам Касимџанов, Узбекистан, 2004–2005 Веселин Топалов, Бугарија, 2005 Владимир Крамник, Русија, 2006 до денес.

„Неофицијални“ но широко признати светски шампиони: Гари Каспаров, Русија, 1993–2000 Владимир Крамник, Русија, 2000–2006

Список на светски шампионки во шах Вера Менчик, Велика Британија, 1927–1944 Људмила Реденко, СССР, 1950–1953 Елисавета Бикова, СССР, 1953–1956, 1958–1962 Олга Рубцова, СССР, 1956–1958 Нона Гаприндашвили, СССР, 1962–1978 Маја Чибурданидзе, СССР, 1978–1991 Ксие Јун, Кина, 1991–1996, 1999–2000 Жужа Полгар, Унгарија, 1996–1999 Жу Чен, Кина, 2001–2004 Антоанета Стефанова, Бугарија, 2004 до 2006 Хсу Јухуа, Кина, 2006

Шахот како тема во уметноста и во популарната култура „Шах“ — песна на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.Хорхе Луис Борхес, Изабране песме. Српска књижевна задруга, Београд, 1982, стр. 25-27-28. „Партија шах“ - песна од поемата на Томас Стернс Елиот, „Пуста земја“ од 1922 г.T. S. Eliot, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1977. Beograd: Rad, 1964, стр. 43-46.T. S. Eliot, Selected Poems. Harmondsworth, Middlesex: Penguin Books in association with Faber and Faber, 1952, стр. 52-55. „Шах-мат“ - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 г.Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013. „Шах“ — песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1967 година.Славко Јаневски, Црни и жолти, Скопје: Просветно дело АД, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 26-28. „Потез“ — расказ на македонскиот писател Блаже Конески од 1955 година.Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 153-160. „Шах“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 21. „Малите шахисти“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.Живко Ст. Ризовски, Дете и светулка. Скопје: Наша книга, 1995, стр. 41. „Можеше да биде и реми“ — краток расказ на македонскиот писател Гето Руди.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 238-239.

Поврзано Шаховски правила Шаховска стратегија Шаховска тактика Шаховска олимпијада

Надворешни врски Македонски шаховски портал (Шаховска федерација на Македонија) (со анимирани партии од земјата и странство) Интернет шаховска школа

Категорија:Спорт Категорија:Игри

Категорија:Поединечни спортови Категорија:Индиски пронајдоци Категорија:Апстрактни стратешки игри