Парламентарните избори 2006 година се одржани на 5 јули 2006 година, кој беше прв термин за редовни избори. Изборите се одржаа според пропорционалниот изборен модел, во шест изборни единици, исто како и парламентарните избори во 2002 година. На изборите победи опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, која подоцна и формира влада.
По изборите, мандатот за формирање на нова влада му беше даден на водачот на победничката партија Никола Груевски, кој на 28 август беше избран за премиер на владата. Во составот на владата влегоа претставници на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и НСДП. Владата ја поддржаа и ДОМ и ПЕИ, кои сепак не добија министерски места. ВМРО-НП гласаше за владата, но не учествува во владината коалиција.
Учесници на изборите
За учество на изборите се пријавија 33 кандидатски листи, од кои 31 на политички партии и коалиции и 2 од група избирачи.
Поголеми партии (и коалиции предводени од нив) што учествуваа на изборите се:
Коалицијата „За Македонија заедно” (СДСМ, Либерално демократска партија, Демократска партија на Турците, Обединета партија на Ромите, Демократска партија на Србите, Демократска унија на Власите, Работничка земјоделска партија, Социјалистичка христијанска партија на Македонија, Зелена партија на Македонија) Коалицијата „За подобра Македонија“ (ВМРО-ДПМНЕ, Либерална партија на Македонија, Социјалистичка партија на Македонија, Демократски сојуз, Партија за движење на Турците во Македонија, Сојуз на Ромите од Македонија, Странка на демократска акција на Македонија, Партија на Власите од Македонија, Европска партија на Македонија, Партија на зелените, Народно движење за Македонија, Бошњачка демократска партија, Демократски сили на Ромите, Партија за интеграција на Ромите) Коалицијата Демократска унија за интеграција, Партија за демократски просперитет, Демократска лига на Бошњаците Демократска партија на Албанците Нова социјалдемократска партија ВМРО-Народна партија Демократска обнова на Македонија Земјоделска народна партија на Македонија
Од помалите политички партии и коалиции на изборите учествуваа:
Демократска алтернатива Лига за демократија Партија за европска иднина Социјалдемократска партија на Македонија Комунистичка партија на Македонија Сојуз на титови леви сили Партија за економска обнова Демократска републиканска унија на Македонија ТМРО ТМОРО-ВЕП ВМРО – Демократска партија Национална алтернатива Радикална странка на Србите во Македонија Коалиција Леви сили на Македонија (Партија на пензионерите на Македонија и Реформирана комунистичка партија на Македонија) Центар на демократски сили Коалиција Нови демократски сили и Демократска алијанса на Албанците Национална демократска партија Демократска партија – Напред Македонијо - Форца Коалиција Македонски обединети сили – Семакедонска работничка партија и ВМРО - Обединета Демократска партија на Македонија (Тетово) Партија за демократска иднина Македонска партија Движење за национално единство на Турците
Кандидатска листа од група избирачи беше пријавена во четвртата изборна единица, предводена од Панчо Минов, и во петтата, предводена од Ќирчо Ташков.
Гласачки одзив
Гласачкиот одзив беше 56,0% што е убедливо најнизок процент на гласачи на досегашните парламентарни избори. На овие избори излегоа цели 17% помалку гласачи во однос на претходните парламентарни избори. Драстичниот пад на гласачкиот одзив во голема мера се должи на разочараноста на македонските граѓани од политичките партии и нивниот капацитет да ја извлечат земјата од кризата, но во одредена мера се должи и на фактот што изборите и предизборната кампања се одвиваше во текот на Светското првенство во фудбал. Дека и тоа имало влијание покажуваат и парламентарните избори во Словачка, кои исто така се одржаа во текот на Светското првенство и каде се забележа сличен пад на гласачкиот одзив, од 70,0% на 54,7%.
Изборни резултати
На изборите победи коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која освои 45 пратенички мандати. Следи коалицијата „За Македонија заедно“, предводена од СДСМ со 32 мандати, коалицијата ДУИ-ПДП освои 17, ДПА - 11 мандати, Нова социјалдемократска партија 7, ВМРО-Народна партија 6, Демократска обнова на Македонија 1 и Партијата за европска иднина 1 мандат.
Политички партии и коалицииГласови%+/-Мандати%+/-За подобра Македонија (ВМРО-ДПМНЕ и др.)304.57232,50 +3,474537,5 12За Македонија заедно (СДСМ и др.)218.46323,31 -18,273226,7 28ДУИ, ПДП и ДЛБ113.52212,12 -2,311714,2 1Демократска партија на Албанците70.2617,50 +2,15119,2 4ВМРО-Народна партија57.0776,09 +6,0965,0 6Нова социјалдемократска партија56.6246,04 +6,0475,8 7Демократска обнова на Македонија17.3641,85 +1,8510,8 1Партија за економска обнова12.7181,36 +1,36Земјоделска народна партија на Македонија12.6281,35 +1,35Партија за европска иднина11.2551,20 +1,2010,8 1Демократска алтернатива11.0671,18 -0,28Социјалдемократска партија на Македонија8.2260,88 +0,59Група избирачи Панчо Минов6.0080,64 +0,64Национално демократска партија4.3250,46 -1,75 1Нови демократски сили и Демократска Алијанса на Албанците4.1170,44 Национална Алтернатива3.3250,35 Сојуз на титови леви сили3.0710,33 Демократско-републиканска унија на Македонија2.7450,29 Лига за демократија2.6630,28 Македонска алијанса2.3110,25 Останати10.7471,10 Вкупен одзив 55,98%974.891100120100 Извор: Државна изборна комисија Собрание на Република Македонија
Освоени мандати по политички партии Распределбата на мандатите по партии е следната:
Партија/коалицијаМандати +/-Коалиција За подобра МакедонијаВМРО ДПМНЕ38 10Социјалистичка партија на Македонија3 2Либерална партија на Македонија2 3Демократски сојуз1 1Сојуз на Ромите од Македонија1 1За Македонија заедноСоцијалдемократски сојуз на Македонија23 26Либерално демократска партија5 6Демократска партија на Турците2 2Обединета партија на Ромите1 1Демократска партија на Србите1 1ДУИ, ПДП, ДЛБДемократска унија за интеграција14 2Партија за демократски просперитет3 1Демократска партија на Албанците11 4ВМРО-Народна партија6 6Нова социјалдемократска партија7 7Демократска обнова на Македонија1 1Партија за европска иднина1 1Вкупно120
Освоени мандати по изборни единици Резултати по изборни единици Резултати по изборни единици Изборна единица ВМРО-ДПМНЕ СДСМ ДУИ ДПА НСДП ВМРО-НП ДОМ ПЕИ Гласови % Гласови % Гласови % Гласови % Гласови % Гласови % Гласови % Гласови % ИЕ 1 48,170 31.15% 34,688 22.43% 16,779 10.85% 13,126 8.49% 12,549 8.11% 7,406 4.79%6,8004.40%5640.36% ИЕ 2 39,543 27.06% 29,012 19.85% 19,469 13.32% 12,500 8.55% 10,887 7.45% 9,044 6.19%3,4412.35% ИЕ 3 70,202 41.75% 47,063 27.99% 2,706 1.61%6660.40%12,3387.34% 15,311 9.11%2,7421.63% ИЕ 4 79,656 44.89% 57,230 32.25%7,4044.17% 11,623 6.55%2,4801.40%7500.42% ИЕ 5 55,657 36.63% 37,412 24.62% 13,424 8.84% 7,561 4.98% 9,071 5.97% 10,997 7.24%1,9011.25%6,4594.25% ИЕ 6 11,344 8.18% 13,058 9.42% 61,144 44.09% 36,408 26.25% 4,375 3.15% 2,696 1.94%3,4822.51%Вкупно304,57238.14218,46323.31113,52212.1270,2617.5056,6246.0457,0776.0917,3641.8511,2551.20 Извор: ДИК
Освоените мандати по изборни единици се следните:Собрание на Република Македонија Мандатен извештај 2006-2008, 4 стр.
Изборна единицаВМРО-ДПМНЕСДСМДУИ/ПДПДПАНСДПВМРО-НПДОМПЕИ ВкупноИЕ 17522211020ИЕ 27532210020ИЕ 310700120020ИЕ 411700110020ИЕ 58621110120ИЕ 622106000020Вкупно453217117611120Извор: ДИКhttps://drive.google.com/file/d/1d_ByEudB7wgYvRnJRyOD67_TXGRJud7V/view
Наводи
Надворешни врски Државна изборна комисија: резултати од Изборите 2006 Пратеници избрани на изборите 2006 година Извештаи на ОДИХР за Изборите 2006 година Страница на А1 Телевизија посветена на Изборите 2006
2006 Категорија:Македонија во 2006 година