Косовската декларација за независност од Србија беше спроведена на 17 февруари 2008. Меѓународните реакции беа мешани и светот продолжува да биде поделен во врска со меѓународното признавање на Косово.

Од 16 март 2013 Република Косово доби 101 дипломатски признавања како независна држава. Од тие, 110 од 193 (57%) се од земји членки на Обединетите Нации, 22 од 27 (81%) членки на ЕУ, 24 од 28 (86%) земји членки на НАТО како и 33 од вкупно 57 (56%) држави членки на Организацијата за Исламска соработка кои го признаа Косово. Владата на Србија официјално не ја признава независноста на Косово.

Заднина

Бројни држави укажаа на загриженост околу унилатералната Декларација за независност на Косово, или отворено изјавија дека нема да признаат независно Косово. Советот за безбедност на Обединетите нации останува поделен околу ова прашање: од петте постојани членки кои имаат право на вето, три (САД, Велика Британија и Франција) ја признаа декларацијата за независност, додека Народна Република Кина покажа загриженост, порачувајќи му на страните да преговараат во рамките на претходните договори. Русија ја отфрли декларацијата за независност и ја смета за илегална. На 15 мај 2008, Русија, Кина и Индија издадоа заедничко соопштение во кое повикуваат за нови преговори меѓу Приштина и Белград.

Иако земјите членки на ЕУ поединечно одлучуваат околу тоа дали ќе го признаат Косово, со консензус ЕУ ја створи мисијата Еулекс која треба да обезбеди мир и да продолжи со посматрање. Поради спорот со Советот за безбедност на ОН, мисијата на Обединетите нации на Косово УНМИК и нејзино делумно предавање на Еулекс се соочи со потешкотии. По руските и српските протести, генералниот секретар Бан ки Мун продолжи со предавањето. На 15 јули 2008, тој рече: "И покрај гактот што Советот за безбедност не може да продолжи со надзорот, му дадов инструкции на мојот специјален претставник да продолжи со реформирањето на УНМИК... за да се адаптира на променетата реалност". Според генералниот секретар, "Обединетите Нации задржаа позиција на строга неутралност во врска со статусот на Косово". На 26 ноември 2008, советот за безбедност му даде зелено светло за воспоставување на мисијата Еулекс на Косово. Мисијата треба да ја презеде полицијата, судството и царината од ОН , додека ќе оперира во склоп со резолуцијата 1244 од СБ ОН каде Косово беше ставено под администрација на ОН во 1999 година. Од јули 2008, УНМИК повеќе не му дава патни исправи на граѓаните на Косово, додека нивната можност да патуваат користејќи ги новите косовски пасоши не концидира со дипломатското признавање: на пример Грција, Романија и Словачка ги признаваат косовските пасоши, и покрај тоа што не го признаваат Косово. Трите соседни држави кои го признаваат Косово - Албанија, Црна Гора и Македонија го признаваат косовскиот пасош, додека Србија одбива.

На 8 октомври 2008 беше усвоена резолуција во Генералното собрание на ОН каде ја поддржаа Србија да бара советодавно мислење од Меѓународниот суд на правдата за Косовската декларација за независност. На 22 јули 2010, Меѓународниот суд рече дека декларацијата за независност на Косово "не го прекрши меѓународното право"., поради тоа што авторите, кои беа "претставници на луѓето на Косово" не беа врзани од рамките на уставот (створен од УНМИК) или резолуцијата 1244 која е повикана од страна на членките на ООН и органите во Обединетите Нации.

Реакции од Србија

Поради српските барања дека Косово е дел од суверената територија на Србија, реакциите на Србија кон секоја држава која ќе го признае Косово, беше да ги отповика своите амбасадори, осудувајќи ги косовските политичари за издајност, и поставување на случај во Меѓународниот суд на правдата.

Во декември 2012, како резултат од спонзорираните ЕУ преговори околу статусот на Косово, српскиот премиер Ивица Дачиќ се согласи да воспостави српски офицер во Косово. Во март 2013, Дачиќ рече дека додека неговата влада никогаш нема да ја признае независноста на Косово, "беа кажани лаги дека Косово е наше" и дека Србија треба да ги дефинира своите "вистински граници".

Позиција од страна на суверените држави Држави кои го признаваат Косово како независна држава

Земји членки на ОН